Tenthredo amoena
Tenthredo amoena | |
---|---|
Tenthredo amoena, dorsal view | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. amoena |
Научен назив | |
Tenthredo amoena Gravenhorst, 1807 |
Tenthredo amoena е вид растителна оса што припаѓа на семејството Tenthredinidae (обични пилести оси).[1]
Живеалиште
уредиОвој вид може да се најде во поголемиот дел од Европа.[2] Во Македонија е најден во Маврово.[3]
Опис
уредиTenthredo amoena може да достигне должина од околу 9-11 милиметри.[4] Овие растителни оси имаат црно тело со жолтеникави ознаки и кратки антени, кои се околу една и пол пати поголеми од ширината на главата. Првиот елемент на антената е чисто жолт. Кај машките единки првиот, петтиот и седмиот и осмиот тергит на стомакот се жолти. Скутелумот често се забележува со жолта боја. Крилата покажуваат бледо кафеава боја со долга кафеава птеростигма. Кај женките, врвовите на тибиите и тарзиите се жолти со црни ознаки. На нозете, коксите се чисто црни,[5] трохантерите жолти, фемурите црни, освен во основата.
Овој вид е прилично сличен со Tenthredo distinguenda.
Биологија
уредиВозрасните единки може да се сретнат од јуни до јули. Се хранат со нектар и цветен полен (особено од видовите штитоцветни). Ларвите се хранат со лисја од видовите Hypericum, главно од кантарион и Hypericum maculatum. Овие ларви се жолто-зелени со црни дамки и жолта глава.
Библиографија
уреди- Andreas Taeger (1991): Vierter Beitrag zur Systematik der Blattwespengattung Tenthredo Linnaeus. Die Untergattung Zonuledo Zhelochovtsev, 1988. Entomofauna Zeitschrift für Entomologie Band 12, Heft 23: 373-400.
- Andreas Taeger, Ewald Altenhofer, Stephan M. Blank, Ewald Jansen, Manfred Kraus, Hubert Pschorn-Walcher, Carsten Ritzau: Kommentare zur Biologie, Verbreitung und Gefährdung der Pflanzenwespen Deutschlands (Hymenoptera, Symphyta). In: Taeger, A.; Blank, S. M. 1998 (Hrsg.): Pflanzenwespen Deutschlands (Hymenoptera, Symphyta). Kommentierte Bestandsaufnahme. - Goecke & Evers, Keltern, 364 + 3 S., 8 Farbtafeln. p. 121
- G. Llorente S.F. Gayubo (1991): Estudio sobre la sinfitofauna del oeste Espanõl. III. Tenthredinidae: Tenthredininae y Nematinae (Hymenoptera: Symphyta). Anales de Biología Vol. 17: 43-52.
Наводи
уреди- ↑ BioLib
- ↑ Fauna Europaea
- ↑ Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 189
- ↑ Insekten Box
- ↑ Entomologi Italiani - KEYS of species of Tenthredo
„Tenthredo amoena“ на Ризницата ? |