Russula amethystina
Russula amethystina | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Габи |
Оддел: | Столпчести габи |
Класа: | Агарикомицети |
Ред: | Гулапковидни |
Семејство: | Гулапки |
Род: | Гулапка |
Вид: | Russula amethystina |
Научен назив | |
Russula amethystina |
Russula amethystina | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Fungi |
Колено: | Basidiomycota |
Класа: | Agaricomycetes |
Ред: | Russulales |
Семејство: | Russulaceae |
Род: | Russula |
Вид: | R. amethystina
|
Биномен назив | |
Russula amethystina Quélet (1897)
|
Russula amethystina | |
---|---|
жабри на химениум | |
шапката е рамна | |
химениумот е слободен | |
дршката е гола | |
отпечатокот на спори е бел | |
екологијата микориза | |
јадливост: непознато |
Russula amethystina е габа, која спорадично се појавува од средината на летото до есента под смрека и ела. Во Северна Европа, таа е многу ретка. Не е лесно да се разликува од слично обоените видови Гулапка и практично се идентични со Russula turci.
Опис
уредиШапката се движи од 3 до 12 см во пречник и варира во боја помеѓу виолетова, боја на јоргован, вино-црвена и вино-црвено-кафеава. Кожата на шапката може да се излупи од работ, десно кон центарот. Ливчињата се од крем до светло жолта боја. Спорите се жолти, субглобозни, со мали брадавици.[1] Отпечатокот од спори е по боја од крем до светло портокалова. Шупливата дршка се движи од 3 до 6 см во должина и од 1 до 2 см во ширина, првично е бела, подоцна станува жолтеникава или кафеава.[1]
Слични видови вклучуваат Russula turci, која може да мириса на јод во близина на основата на стебленцето,[1] инаку може да се разликува само со микроскопски разлики во текстурата на спорите. Слични се и R. lilacea и R. murrillii.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Davis, R. Michael; Sommer, Robert; Menge, John A. (2012). Field Guide to Mushrooms of Western North America. Berkeley: University of California Press. стр. 103–104. ISBN 978-0-520-95360-4. OCLC 797915861.
Поврзано
уреди- 87-01-09932-9
- Слика од веб-страницата за вести Гулапка Архивирано на 27 април 2006 г.