„Roba s greškom“ (македонски: Роба со грешка) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот дебитантски соло студиски албум Oprosti mala (2006). Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја додала на сет листите од нејзините настапи во живо. Песната исто така била преработена во акустична верзија за компилацискиот албум Minut srca mog (2022).