Rise of Nations: Rise of Legends

видеоигра

Rise of Nations: Rise of Legends е стратешка игра во реално време развиена од компанијата Big Huge Games, а издадена од Microsoft. Го носи насловот на популарната игра од 2003 на Big Huge Games, но со поднаслов Rise of Legends, што е сугестија на нејзината содржина. За разлика од оригиналната Rise of Nations, која е заснована врз историјата, Rise of Legends е заснована врз фантастичен свет каде што магијата и технологијата коегзистираат.

Rise of Nations: Rise of Legends

Изработувач(и) Big Huge Games
Издавач(и) Microsoft Game Studios
Дизајнер(и) Брајан Рејнолдс
Подлоги Microsoft Windows
Датум на издавање СА May 9, 2006
ЕВР May 26, 2006
Жанр(ови) стратегија во реално време
Режим(и) Single player, multiplayer
Медиум DVD-ROM
Побарувања 1.4 Ghz Процесор
256 MB RAM
2.5 GB простор на дискот
64 MB меморија на графичката картичка

Преглед

уреди

Rise of Legends задржува голем дел од одликите на Rise of Nations, како што се градењето згради, граници помеѓу териториите на различните фракции, трошење на здравјето на војските кој се наоѓаат во непријателска територија, неисцрпувачки ресурси и кампања во која треба да го освоите светот. Rise of Legends исто така воведува и нови одлики како што се, дистрикти на градовите, херои, упростена економија со само 2 ресурса и неутрални војски и згради.[1] За разлика од својте претходници, кои нудеа 18 фракции за играње, Rise of Legends има само 3 кој се значително различни помеѓу себе. Тие се: технолошки напредните Винчи (Vinci), магичните Алин (Alin) и вонземските Куотл (Cuotl). Играта го користи AGEIA PhysX енџинот за симулација на физичките појави.

Наводи

уреди
  1. „Features page for Rise of Nations: Rise of Legends at official Microsoft website“. Microsoft. Посетено на March 1, 2008.