Едноиграчка игра

(Пренасочено од Single player)

Едноиграчка игра, самостојна игра или синглплеер игра (англиски: single-player video game) — вид видеоигра каде што само еден играч може да игра. „Едноиграчка игра“ е игра којашто може да се игра од само една личност, додека „едноиграчен режим на игра“ е еден од можните начини на играње[1] Најраните компјутерски игри, како Tennis for Two, Spacewar! и Pong, биле двоиграчки, а самостојните игри станале популарни малку подоцна. Во 1978 биле направени првите повеќеиграчки (групни) игри, познати како MUD-ови. Во раните 1990-ти се направени многу игри што користат месни мрежи за групниот начин на игра. Doom е еден од значајните примери за такви игри.

Главните работи што ги прават едноиграчките игри интересни се добрите приказни, прекрасната графика и реалистичните неиграчки ликови и противници. Меѓу позначајните примери се Half-Life, Doom и серијата The Legend of Zelda. За помалите игри се важни лесноста на учење и достапноста (многу од нив се достапни за играње на разни мрежни места).

Некои игри се дизајнирани за да бидат играни самостојно. Такви игри се умствени игри, како Tetris, и игри на улоги со добри приказни.

Огромното мнозинство на современите игри за конзоли и аркадни игри се одредени за да бидат играни самостојно. Некои од нив имаат можност за други начини за играње, со двајца или повеќе играчи (не мора во исто време).

Наводи

уреди
  1. Oosterhuis, Kas; Feireiss, Lukas (март 2006). The Architecture Co-laboratory: Game Set and Match II : on Computer Games, Advanced Geometries, and Digital Technologies. Delft: Delft University of Technology. стр. 180. ISBN 9059730364.