Riding with the King (албум на Би Би Кинг и Ерик Клептон)

Riding with the King е блуз албум од Ерик Клептон и Би Би Кинг кој е издаден во 2000. Овој албум е нивната прва соработка и ја доби греми наградата за најдобар традиционален блуз албум. Албумот го достигна првото место на списокот на најдобри блуз албуми во Билборд магазинот и во САД му е доделен сертификат платина.

Riding with the King
Студиски албум од Би Би Кинг и Ерик Клептон
Издаден13 јуни, 2000
ЖанрБлуз рок
Траење61:13
Издавачка куќаReprise Records
ПродуцентЕрик Клептон, Симон Клептон
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 4/5 ѕвездички[1]
Entertainment Weekly A[2]
The Spokesman-Review Mixed

Генерлано, албумот бил позитивно искоментиран од музичките критичари иако некои сметале дека можело да биде и подобро.

Историја

уреди

Riding with the King е првиот албум во соработка на Ерик Клептон и Би Би Кинг.[1] За првпат, заедно свиреле во „Cafe Au Go Go“ во 1967 во Њујорк Сити кога Клептон има 22 години и бил член на „Cream“, но не снимале заедно сè до 1997 кога Кинг соработувал со Клептон за песната „Rock Me Baby“.[3][4] Клептон со задоволство свирел при соработката и отсекогаш сакал да сними албум со Би Би Кинг.[3] Кинг рекол дека често разговарале за тој проект и на тоа додал: „Му се восхитувам на тој човек. Мислам дека тој е број 1 во рокенролот како гитарист и број 1 како одлична личност.“[3] Во времето кога е снимен албумот „Riding with the King“ Клептон имал 55, а Кинг 74 години.

Клептон започнал со снимањето сесии за „Riding with the King“ и вклучил некои од неговите регуларни сесиски музичари во изработката на албумот. Тој, исто така, ги избрал и песните и го продуцирал албумот заедно со неговиот соработник на неколку претходни албуми, Симон Клими.[1] Иако ова асоцира на албум на Клептон кој е снимен со Кинг, Клептон му ја препуштил главната улога на Кинг со тоа што тој преовладува со неговиот вокал и гитарски сола.[5]

Содржина

уреди

Албумот содржи пет песни на Кинг од 1950-тите и 1960-тите: „Ten Long Years“, „Three O'Clock Blues“, „Help the Poor“, „Days of Old“ и „When My Heart Beats Like a Hammer“.[3] Во останатите песни се вклучени „Key to the Highway“ на Биг Бил Брунзи (која Клептон ја снимил во раните 1970-ти со „Derek and the Dominos“), „Worried Life Blues“ на пијанистот од Чикаго Месио Мериведер, преработка од композицијата „Hold On, I'm Comin'“ на Исак Хеис и „Come Rain or Come Shine“.

Песните се микс од акустични („Worried Life Blues“) и електрични песни ("Three O'Clock Blues") и неколку бавни („Ten Long Years“) до средно брзи („Help the Poor“).[2]

Список на песни

уреди
  1. „Riding with the King“ (Џони Хајет) – 4:23
  2. „Ten Long Years“ (Би Би Кинг, Џулс Тауб) – 4:40
  3. „Key to the Highway“ (Биг Бил Брунзи, Чарлс Сигар) – 3:39
  4. „Marry You“ (Дојли Бремхал, Сузана Мелвоин, Крег Рос, Сигар) – 4:59
  5. „3 O'Clock Blues“ (Кинг, Тауб) – 8:36
  6. „Help the Poor“ (Чарлс Синглитон) – 5:06
  7. „I Wanna Be“ (Бремхал, Секстон) – 4:45
  8. „Worried Life Blues“ (Масио Мериведер) – 4:25
  9. „Days of Old“ (Кинг, Џулс Бихари) – 3:00
  10. „When My Heart Beats Like a Hammer“ (Кинг, Тауб) – 7:09
  11. „Hold On, I'm Comin'“ (Исак Хеис, Дејвид Портер) – 6:20
  12. „Come Rain or Come Shine“ (Харолд Арлин, Џони Мерсер) – 4:11

Личности

уреди
 
Би Би Кинг (лево) и Ерик Клептон (десно)
  • Би Би Кинг - вокали, гитара
  • Ерик Клептон - вокали, гитара
  • Дојли Бремхал II – гитара, следечки вокали
  • Енди Лоу – гитара
  • Џими Вон – гитара
  • Џо Семпл – пијано
  • Тим Кармон – хамонд
  • Натан Ист – бас гитара
  • Стиви Гад – тапани
  • Сузана Мелвоин – следечки вокали
  • Венди Мелвоин - следечки вокали
  • Пол Волер – програмирање, аранжман

Продукција и уметничка преработка

уреди
  • Алан Даглас – инженер, миксер (песни 2, 3, 5, 8 до 11)
  • Том Свинеи – асистент инженер
  • Мик Гузоски - миксер (песни 1, 4, 6, 7, 12)
  • Ерик Клептон – продуцент
  • Симон Клими - комјутерско програмирање
  • Роберт Сибри – уметничка изработка на фотографија
  • Дон Полсен – уметничка изработка на фотографија
  • „Wherefore Art?“ – уметнички дизајн
  • Сивен Вокер – уметничк насока

Највисоки позиции на музичките листи и сертификати

уреди

Највисоки позиции на музичките листи

уреди
Година Листа Позција
2000 US Billboard 200[6] 3
Top Blues Albums[6] 1
Top Internet Albums[6] 1

Сертификати

уреди
Држава Доделил Сертификат
САД RIAA 2× Мулти-платина[7]

Награди

уреди
Година Награда Победник
2000 Греми награда за најдобар традиционален блуз албум Симон Клими (продуцент), Алан Даглас (инженер), Ерик Клептон (продуцент, артист) и Би Би Кинг (артист) за Riding with the King[8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 http://www.allmusic.com/album/riding-with-the-king-r480790/review
  2. 2,0 2,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на 2011-04-23.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 http://news.google.com/newspapers?id=r28fAAAAIBAJ&sjid=RX8EAAAAIBAJ&pg=6362,12083&dq=clapton+riding-with-the-king&hl=en
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-01-01. Посетено на 2011-04-23.
  5. http://www.popmatters.com/pm/review/king-clapton-riding/[мртва врска]
  6. 6,0 6,1 6,2 http://www.allmusic.com/album/riding-with-the-king-r480790/charts-awards
  7. „„RIAA". „RIAA“.[мртва врска]
  8. http://www.allmusic.com/album/riding-with-the-king-r480790/charts-awards/grammy