Preply или Приплај е меѓународно претпријатие за обука и едукација со седиште во Брајтон, Масачусетс, што нуди можност за поврзување на ментори со ученици, независно дали локално (лично) или на дистанца (преку Скајп). Платформата преку која се спроведува поврзувањето – preply.com – користи алгоритам за класификација и препорачување на посоодветни тутори.[1]

Preply
ВидПриватно
ДејностОбразовни услуги
ОснованоБрајтон, Масачусетс (2012 (2012))
ОсновачиСергеј Лукјанов, Кирил Бигај, Дмитро Волошин
Седиште,
УслугиМенторирање
Вработени
50 (2017)
Мреж. местоpreply.com

Историја

уреди

На инаутуративната IDCEE конференција за интернет технологии и иновации, Приплај е прогласена за една од најнадежните стартап компании во Украина.[2] Веднаш потоа, стартапот e повлечен од инкубаторот Истлабс, па по почетна инвестиција од $175.000,[3] го лансира мрежното место preply.com во ноември 2012.[4] Основана од Сергеј Лукјанов, Дмитро Волошин и Кирил Бигај – нејзиниот моментен директор[5] – компанијата првично ги освојува украинскиот, рускиот, белорускиот и казахстанскиот пазар, пред да се прошири на полскиот[3] и да добие уште еден грант од $120.000 преку берлинската подружница на TechStars.[6] На почетокот од 2016 година, влегува и на бразилскиот пазар.[7] Откако добива уште еден грант во вредност од 1,3 милиони долари во јуни 2016, Приплај објавува план да се прошири и на уште три пазари: Велика Британија, Германија и Шпанија.[1]

Услуги

уреди

Според една статија од февруари 2017 година, на preply.com се регистрирани над 47.000 ментори, кои нудат помош за 40 различни предмети, 27 од кои се исто толку светски јазици.[8] До јули 2017 година, според интерните статистики на самата компанија, речиси 100.000 ученици успешно нашле ментор користејќи ја платформата.[9] Се проценува дека менторите одржуваат околу 30.000 часа месечно за цена што варира меѓу $2 (минимум) и $100.[8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Lomas, Natasha (7 јуни 2016). „Preply pulls in $1.3M to expand its tutoring marketplace in Europe“ [Приплај повлече $1,3 милиони со цел да го прошири пазарот на тутори низ Европа] (англиски). TechCrunch. Посетено на 19 јули 2017.
  2. „Большие надежды. ТОП-30 стартапов украинского интернета“ [Најголемите надежи. Топ 30 украински интернет стартапи] (украински). 19 октомври 2012. Посетено на 19 јули 2017.
  3. 3,0 3,1 „Ukrainian online tutoring platform Preply enters Polish market“. Ukraine Digital News. 2 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-16. Посетено на 19 јули 2017.
  4. Pashkovskaya, Elena (18 април 2013). „Connecting language tutors and students via Skype“ [Поврзување на јазични ментори и ученици преку Скајп] (англиски). Kyiv Post. Посетено на 18 јули 2017.
  5. „Preply.com“. CrunchBase. Посетено на 19 јули 2017.
  6. Яровая, Майя (9 февруари 2017). „Украинский стартап Preply попал в TechStars, получил $120 000 инвестиций и уезжает в Берлин“ [Украинскиот стартап Preply се појави на TechStars, доби инвестиција од $120,000 и си замина за Берлин] (украински). Ain. Посетено на 19 јули 2017.
  7. Krasnikov, Denys (28 January 2016). „Ukrainian online tutoring platform enters Brazilian market“ [Украинска интернет платформа за менторирање влегува на бразилскиот пазар] (англиски). Kyiv Post. Посетено на 18 July 2017.
  8. 8,0 8,1 „Preply, plateforme d'amélioration continue pour le tutorat et les études en ligne, arrive en France“ [Preply, платформа за продолжен развиток, менторство и интернет учење, пристигнува во Франција] (француски). EuropaWire. 9 февруари 2017. Посетено на 18 јули 2017.
  9. „Preply.com“. Посетено на 18 јули 2017.

Надворешни врски

уреди