Pediococcus е род на Грам-позитивни бактерии на млечно-киселинското вриење кој припаѓа на фамилијата Lactobacillaceae. Тие вообичаено се јавуваат во парови или тетради, и се делат долж две рамнини на симетрија, слично како и други бактерии на млечно-киселинско вриење, на пример родовите Aerococcus и Tetragenococcus. Припадниците на овој род се исклучиво хомоферментативни. Видот Pediococcus dextrinicus неодамна беше прераспределен во родот Lactobacillus.[1]

Преработка на храна

уреди

Претставниците на родот Pediococcus, заедно со другите бактерии на млечно-киселинското вриење (Leuconostoc и Lactobacillus) се одговорни за ферментацијата на зелка, во производството на кисела зелка. Во текот на овој процес, шеќерите во свежата зелка се метаболизираат до ниво на млечна киселина, која е одговорна за киселиот вкус. Бактериите на родот Pediococcus обично се сметаат како загадувачи на пивата и вината, иако нивното присуство понекогаш е пожелно во некои врсти на пива како што се ламбик и Berliner Weiße. Одредени изолати на Pediococcus произведуваат диацетил, соединение кое дава путераста арома на некои вина (како што е Шардоне) и на неколку врсти на пива. Овие бактерии исто така се користат и како пробиотици, а често се додаваат како корисни микроорганизми во производството на колбаси, сирење и јогурт.

Наводи

уреди
  1. Haakensen, M; Dobson, CM; Hill, JE; Ziola, B (2009). „Reclassification of Pediococcus dextrinicus (Coster and White 1964) back 1978 (Approved Lists 1980) as Lactobacillus dextrinicus comb. Nov., and emended description of the genus Lactobacillus“. International Journal of Systematic and Evolutionary Microbiology. 59 (Pt 3): 615–21. doi:10.1099/ijs.0.65779-0. PMID 19244449.

Литература

уреди
  • Abrunhosa, Luis; Ines, Antonio; Rodrigues, Ana I; Guimaraes, Ana; Pereira, Vania L; Parpot, Pier; Mendes-Faia, Arlete; Venancio, Armando (Oct 2014). „Biodegradation of ochratoxin A by Pediococcus parvulus isolated from Douro wines“. International Journal of Food Microbiology. 188 (OCT 1 2014): 45–52. doi:10.1016/j.ijfoodmicro.2014.07.019. PMID 25087204.

Надворешни врски

уреди