Тринилски тигар
(Пренасочено од Panthera tigris trinilensis)
Тринилски тигар Период: плеистоцен | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Felidae |
Род: | Panthera |
Вид: | P. tigris |
Подвид: | P. t. trinilensis |
Триномен назив | |
Panthera tigris trinilensis |
Тринилскиот тигар (Panthera tigris trinilensis) е фосилен подвид на тигар. Фосилите датираат од пред околу 1,2 милиони години, и се пронајдени во месноста Тринил, на островот Јава во Индонезија. Овој подвид бил опишан во 1908 година, а типичниот примерок е дел од колекцијата на Дубоа (Dubois Collection) во Националниот музеј за историја на природата во Лајден, Холандија. Иако овие фосилли се пронајдени на Јава, се смета дека тринилскиот тигар не е директен предок на јаванскиот подвид. Јаванскиот тигар се претпоставува дека потекнува од предок кој дошол од Кина. Најверојатно тринилскиот тигар изумрел пред околу 50 000 години[1].
Наводи
уреди- ↑ Van den Hoek Ostende. 1999. Javan Tiger - Ruthlessly hunted down. 300 Pearls - Museum highlights of natural diversity Архивирано на 21 септември 2009 г.. Downloaded on 11 август 2006.