Севернокинески леопард

(Пренасочено од Panthera pardus japonensis)
Севернокинески леопард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. japonensis
Триномен назив
Panthera pardus japonensis
(Греј, 1862)

Севернокинескиот леопард (Panthera pardus japonensis) е подвид на леопард, кој живее во северниот дел на Кина. Овој леопард е толку редок што речиси никогаш не се среќава во дивинаа. Живее во шумите и на планинските пасишта. Како и кај останатите леопарди, и неговиот плен се состои од глодачи до срни, диви кози и диви свињи.

Физички одлики

уреди

Севернокинескиот леопард е мачка со средна големина. Крзното му е прошарано со розети кои многу наликуваат на оние на јагуарот. Овој подвид има најтемна боја на крзното кое е изградено од најдолги влакна, споредено со останатите подвидови на леопард.

Размножување

уреди

Овој подвид на леопард обично се пари сезонски за време на јануари и февруари. Еструалниот циклус трае околу 46 дена и женката овулира околу 6-7 дена.

Младенчињата се раѓаат во легла од 2-3 единки, но смртноста кај малите е доста голема, па многу ретко се забележуваат мајки со повеќе од 1-2 малечки. Трудните женки наоѓаат пештера, дупка меѓу стени или шупливо дрво и тука прават дувло и ги раѓаат младите леопарди. Младенчињата се раѓаат слепи и ги отвораат очите после период од 10 дена. Крзното им е подолго и погусто отколку кај ворасните единки. Бојата не крзното е посивкаста и нема јасно дефинирани точки.

На возраст од 3 месеци младите почнуваат да излегуваат од дувлото и да ја следат мајката при ловот. Иако веќе на едно-годишна возраст се смета дека младите леопарди се способни да се грижат за себе, тие остануваат со мајката околу 18-24 месеци.

Заштитен статус

уреди

Никој не знае со сигурност колку севернокинески леопарди живеат во дивината. Има околу 100 единки во заробеништво, и потребни се единки кои не се во крво сродство за да може да се продолжи со здраво размножување на видот. Сепак бидејќи никој не го знае нивниот точен број во дивината, нема доволно докази за да посериозно се почне со заштита на овој вид. Според последните пресметки од пред повеќе од 5 години, се претпоставува дека има околу 2500 единки во дивината.

Еден од најзначајните предци на севернокинеските леопарди во заробеништво е мажјакот со име Ченг Чи. Овој леопард е роден во заробеништво во Торонто, Канада во 1976 година. За време на програмата за размножување, Ченг Чи, имал 15 младенчиња а до денес се смета дека бројот на неговите потомци е над четириесет. Последниот пат кога му се родиле млади било во 1988 година, а умрел во 1993 година.

Надворешни врски

уреди