Paedophryne amauensis
Паратип на Paedophryne amauensis (LSUMZ 95004)
над 10 Американски центи (пречник 18 mm)[1]
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Потколено: Vertebrata
Класа: Amphibia
Ред: Anura
Семејство: Microhylidae
Потсемејство: Asterophryinae
Род: Paedophryne
Вид: P. amauensis
Научен назив
Paedophryne amauensis
Rittmeyer et al., 2012[2]

Paedophryne amauensis е вид на жаби откриен во август 2009 година, а официјално опишан и признаен во јануари 2012 година. Со своите 7,7 mm просечна должина, овие жаби официјално станаа најмалиот `рбетник на светот.

Откривање

уреди

Овој вид беше откриен во август 2009 година од херпетологот Кристофер Остин и неговиот докторант, студентот Ерик Ритмејер, кога двајцата беа на експедиција за истражување на природното богатство на Папуа Нова Гвинеја. Новиот вид го приметиле во близина на селото Амау во Централната провинција. Откритието беше објавено во научното списание PLoS ONE во јануари 2012 година.

Одлики и живеалиште

уреди

P. amauensis со своите 7,7 mm просечна должина се за само 0,2 mm пократки од претходниот рекордер во категоријата најмал `рбетник, вид на крап (Paedocypris progenetica) долг само 7,9 mm од Индонезија. Овој вид жаби живее на земја и нивниот животен циклус не ја вклучува фазата на полноглавци. Наместо тоа, тие се раѓаат како „скокачи“ - целосно оформени возрасни жаби. Можат да доскокнат и растојание еднакво на триесет пати нивната големина и произведуваат звуци со честота помеѓу 8400 - 9400 Нz. Kaко и сите други видови од фамилијата Paedophryne живеат на дното на прашумите, меѓу паднатите лисја.

Наводи

уреди
  1. Black, Richard (11 January 2012). „World's smallest frog discovered“. BBC News. Посетено на 12 January 2012.
  2. Rittmeyer, Eric N.; Allison, Allen; Gründler, Michael C.; Thompson, Derrick K.; Austin, Christopher C. (2012). Etges, William J. (уред.). „Ecological guild evolution and the discovery of the world's smallest vertebrate“. PLoS ONE. 7 (1): e29797. doi:10.1371/journal.pone.0029797. Посетено на 11 January 2012.