Outkast

американски хип-хоп дует
(Пренасочено од OutKast)

Outkast (транскрипција: Ауткаст) ― поранешен американски хип-хоп дует основан во Атланта во 1992 година. Групата била составена од раперите Биг Бои (Антван Патон) и Андре 3000 (Андре Бенџамин, порано познат како Дре).[1] Outkast се смета за една од најпопуларните и највлијателните хип-хоп изведувачи на сите времиња,[4][5] а најголем успех постигнале од средината на 1990-тите до раните 2000-ти.

Outkast
Outkast настапуваат во 2001
Животописни податоци
Познат(а) и какоTwo Shades Deep
ПотеклоАтланта, Џорџија, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1992–2007
  • 2014
Издавачи
Мреж. местоoutkast.com
Поранешни членови

Покрај тоа што биле меѓу највлијателните хип-хоп изведувачи, Outkast со продадени преку 20 милиони музички записи и со шест Греми награди се меѓу најуспешните хип-хоп изведувачи.[6][7][8][9] Во 2015 година, Ролинг Стоун ги рангирал на 7-мо место на нивниот список од „20 најголеми дуа на сите времиња“,[10] а публикациите Pitchfork и гореспоменатиот Rolling Stone ги навеле нивните албуми меѓу најдобрите во целиот хип-хоп жанр и на сите времиња.

Историја

уреди

Групата Outkast била основана во 1992 година од тогашните средношколци од Атланта, Антван Патон (естрадно познат како Биг Бои) и Андре Бенџамин (познат под името Андре 3000).[11] Пред матурирањето, членовите на Outkast потпишале договор со издавачката куќа LA And Babyface, која подоцна ќе се преименува LaFace Records и станале први хип-хоп изведувачи за таа издавачка куќа.

Нивниот прв албум, Southernplayalisticadillacmuzik, бил издаден на 26 април 1994 година. Овој албум се смета дека ги поставил темелите на јужњачкиот хип-хоп и се смета за класика на жанрот. Во 1995 година, OutKast ја освоиле наградата за најдобра нова-рап група според хип-хоп списанието Source.[1]

Откако Southernplayalisticadillacmuzik добил платинест сертификат, LaFace Records им дал на Outkast поголема креативна слобода и аванс за нивниот следен албум, кој го снимале од 1995 до 1996 година.[12] Дуото било пофалено од критиката за нивниот втор и трет албум ATLiens (1996) и Aquemini (1998), при што тие дополнително го развивале нивниот музички стил. Популарност на пошироката музичка сцена стекнале со нивниот четврти албум Stankonia (2000), кој бил поддржан од сингловите „B.O.B.“ и „Ms. Jackson". „Ms. Jackson" била прва нивна песна која се искачила на врвот на Billboard Hot 100, а во 2002 година освоила Греми за „Најдобра рап-изведба од дуо или група“. На истата церемонија албумот Stankonia ја добил наградата за најдобар рап-албум.[13]

На 23 септември 2003 година Outkast го издале двојниот албум Speakerboxxx/The Love Below. Во суштина тоа биле два соло-албума, еден од Биг Бои и еден од Андре 3000, спакувани како единствено издание под етикета Outkast. Speakerboxxx од Big Boi во голема мера бил фанк-албум, а „The Love Below“ од Андре 3000 содржел само кратки секвенци од хип-хоп и наместо тоа содржел елементи на фанк, џез, рок, електронска музика и R&B.[1]

Албумот е најуспешен албум на Outkast досега. Дебитирал на прво место на топ-листата за албуми Billboard 200 каде што се задржал неколку недели. Здружението на музичките сниматели на Америка во декември 2004 година на албумот му доделил дијамантски сертификат за продадени над 10 милиони примероци во САД.[1] Албумот бил поддржан сингловите „The Way You Move“ (во изведба на Биг Бои) и „Hey Ya!“ (во изведба на Андре 3000); двата сингла се искачиле на прво место на топ-листата за синглови. Во 2004 година, албумот освоил Греми за албум на годината.

 
Биг Бои настапува во 2006 година во Атланта

Членовите од Ауткаст глумеле во музичкиот филм Idlewild од 2006 година и го снимиле придружниот саундтрак за филмот, кој бил објавен како нивен последен албум три дена пред објавувањето на филмот. Албумот дебитирал на второ место на американската топ-листа Билборд 200.[14]

Во 2007 година, по објавувањето на шестиот албум, Idlewild, Биг Бои објавил дека планира да издаде соло-албум. Набргу дуото се разделило, а двата члена продолжиле соло кариера. Outkast привремено се обединиле во 2014 година за да ја прослават 20-годишнината од нивниот прв албум, при што настапиле на повеќе од 40 фестивали низ цел свет, почнувајќи од фестивалот Коачела во април 2014 година.[15] Потоа групата ја продолжила паузата.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Southernplayalisticadillacmuzik (1994)
  • ATLiens (1996)
  • Aquemini (1998)
  • Stankonia (2000)
  • Speakerboxxx/The Love Below (2003)
  • Idlewild (2006)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „OutKast Songs, Albums, Reviews, Bio & More“. AllMusic. Посетено на December 10, 2023. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „ALLMUSIC“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Lewis, Miles Marshall (August 9, 2007). „Common“. Dallas Observer. Посетено на July 14, 2021.
  3. NME Staff (August 18, 2006). „OutKast: Idlewild“. NME. Посетено на 18 July 2024.
  4. Ellis, Iain (October 2008). Rebels Wit Attitude: Subversive Rock Humorists. Soft Skull Press. стр. 252. Посетено на 5 March 2018.
  5. Erlewine, Stephen Thomas (2003). „Speakerboxxx/The Love Below“. Allmusic. Посетено на April 20, 2008.
  6. „The 10 Greatest Hip-Hop Duos of All time“. Medium. SNOBHOP. Nov 5, 2017. Посетено на Oct 26, 2020.
  7. „Outkast's Impact on the Hip Hop Landscape“. The Next Wave Chicago. Jan 2, 2018. Посетено на Oct 26, 2020.
  8. Празен навод (help)
  9. Houlihan, Finn (May 27, 2015). „How André 3000 changed the rap game“. Acclaim Magazine. Посетено на Oct 26, 2020.
  10. Празен навод (help)
  11. Guzman, Isaac (October 22, 2000). „Melody Makers of Hip-Hop“. Los Angeles Times. Посетено на January 20, 2012.
  12. „Outkast“. Black Diaspora. New York. 18: 25. 1997.
  13. Cowie, Del F.. (May 27, 1975) OutKast – Brothers From Another Planet – On the Cover Архивирано на 15 јули 2007 г.. Exclaim.ca. Retrieved on 2014-05-28.
  14. Hasty, Katie. Danity Kane Sidesteps OutKast To Claim No. 1. Billboard. Retrieved on May 10, 2010.
  15. „Coachella 2014 Lineup“. Stereogum (англиски). 2014-01-09. Посетено на 2024-10-20.

Надворешни врски

уреди