Мајоран

(Пренасочено од Origanum majorana)
Мајоран
Безбеден
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Lamiales
Семејство: Lamiaceae
Род: Origanum
Вид: O. majorana
Научен назив
Origanum majorana
Л.[1]
Мајоран во саксија

Мајоранот или Origanum majorana е многугодишно растение и полугрмушка со вкус на сладок бор и цитрус. Се нарекува и сладок мајоран, јазлест мајоран и Majorana hortensis.

Името мајоран (старофранцуски majorane, средновековен латински majorana) не води директно потекло од латинскиот збор maior (главен).[2]

Мајоранот се одгледува поради своите ароматични листови, свежи или суви, за кулинарски потреби; врвовите од растението се сечат кога растението цвета и се сушат полека на сенка. Често се користи во комбинација со зачините Herbes de Provence и Za'atar.

Одгледување

уреди

Мајоранот се одгледува поради ароматичните листови, кои се користат при готвење, свежи или суви. Листовите се сечат кога растението почнува да цвета, и се сушат во сенка. Во кулинарството често се користи во комбинација со други ароматични тревки при подготовка на супи, чорби, сосови, или за чај,[3] а се користи и за подготовка на есенцијално масло. Содржи многу хемиски компоненти, меѓу кои борнеол, камфор и пинен. Може да се одгледува во градина или во саксија.

Како зачин најчесто се користи при подготовка на јагнешко месо, јадења од сирење, а се додава и при подготовка на домашните колбаси.[4]

Етерично масло од мајоран

уреди

Етеричното масло од мајоран се користи како аналгетик, анафродизијак, антиепилептик, антиоксиданс, антиспазмотик, антисептик, диуретик, седатив, и друго. Маслото може да се употреби преку инхалација, бањање, масажа, или да се стави директно на отоци. Се користи за намалување на болка, подобрување на варењето, има антихипертензивно дејство, и го зајакнува нервниот систем и друго.[5] Како хомеопатски лек се користи против женски болести.

Во големо количество може да предизвика наркотична состојба со појава на халуцинации.

Сродни видови

уреди
  • Обично оригано - се нарекува и див мајоран. Има посилен вкус.
  • Origanum onites - критско оригано. Има слична употреба како и мајоранот.
  • Француски мајоран - хибрид на мајоранот со обичното оригано, поотпорно на ладно, но помалку слатко.
  • Origanum pulchellum.

Наводи

уреди
  1. „Origanum majorana information from NPGS/GRIN“. www.ars-grin.gov. Посетено на 2008-03-08.
  2. Marjoram, Online Etymology Dictionary, Douglas Harper, November 2001
  3. „Мајоран, лек за желудник“. panacea.mk.
  4. Зачин, мајоран
  5. Етерични масла

Надворешни врски

уреди