Mинистерство за европски прашања на Македонија
Министерството за европски прашања или Министерството за Евроинтеграции скратено МЕП ,министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за европски прашања е Орхан Муртезани.
Министерството за европски прашања | |
---|---|
Податоци за органот | |
Основан | 2024 |
Надлежност | Влада на Македонија |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 93[1] (2024) |
Годишен буџет | 127.346 милиони MKD[2] (2024) |
Надлежен министер | Орхан Муртезани |
Надлежности
уреди- Надлежностите на министерството се[3]:
- Обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции за подготвување на Републиката за членство во Европската Унија, вклучително и за преговори за членство во Европската Унија;
- обезбедување на координација на активностите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу Републиката и Европските заедници и нивните земји членки и другите договори склучени меѓу Републиката и Европската Унија, како и на работните тела формирани во рамките на склучената спогодба и другите договори со Европската Унија;
- обезбедување на координација на процесот на подготвување на македонската верзија на правото на Европската Унија (acquis communautaire);
- обезбедување на координација заради усогласување на работата на претставниците на Републиката во институциите и телата на Европската Унија;
- обезбедување на координација заради усогласување на работата на Републиката како држава членка на Европската Унија;
- обезбедување на координација на странската помош од Европската Унија и нејзините земји членки и другата странска помош поврзана за реформите комплементарни на процесот на интегрирање на Републиката во Европската Унија;
- информирање на јавноста за активностите поврзани со процесот на европска интеграција и европските прашања;
- како и други работи поврзани со Европската Унија кои ќе ги определи Владата
- врши други работи утврдени со закон.
Наводи
уреди- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2024 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2024. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-04-18. Посетено на 2024-06-09.
- ↑ „Буџет на Република Македонија за 2024 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2024-06-19. Посетено на 2024-06-19.
- ↑ „Општи информации за министерството“. Архивирано од изворникот на 2018-05-02. Посетено на 2021-08-13.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 14 јуни 2012 г.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |