League of Legends

видеоигра од 2009 година

League of Legends (македонски: Лига на легенди), позната како LoLвидеоигра создадена од Riot Games за Microsoft Windows и OS X. Играта е бесплатна, а приходот го остварува со помош на микротрансакции. Вдахновена е од модусот Defense of the Ancients од Warcraft III: The Frozen Throne.[2]

Лига на легенди

Изработувач(и) Riot Games
Издавач(и) Riot Games
Режисер(и) Андреј ван Рун[1]
Продуцент(и) Стивен Сноу
Тревис Џорџ
Дизајнер(и) Кристина Норман
Роб Гарет
Стив Фик
Уметник(ци) Едмундо Санчес
Трој Адам
Пол Квон
Писател(и) Џорџ Крстиќ
Композитор(и) Кристијан Линк
Подлоги Microsoft Windows, OS X
Жанр(ови) Multiplayer online battle arena
Режим(и) Multiplayer

Во Лига на легенди, играчите ја преземаат улогата на јунаци (англ. heroes) со уникатни способности и моќи (abilities). Целта на играта е да се уништи „нексусот“ (nexus) на спротивната екипа, градба што лежи во срцето на противничката база и е заштитена од повеќе одбранбени градби што исто така треба да се уништат. Секоја League of Legends-игра е единствена: јунаците започнуваат од прво ниво (level) и се прилично слаби, но во текот на играта стекнуваат искуство (experience) и златници (gold), кои им помагаат да станат посилни и да купат разни предмети (items).[3]

Постојат и други начини на игра, со различни цели, правила и изглед. Јунаците припаѓаат во голем број на различни класи и исполнуваат разни улоги. Тие се уметнички замислени како спој на различни фантастични елементи, како на пример волшепство, средновековно мечување, steampunk, ужас (хорор) и други. Иако приказната не е дел од елементите на играта, различните херои го потполнуваат големиот и недовршен измислен свет наречен Runeterra, кој Riot Games го ажурира на секои две недели и го дополнува преку приказни, стрипови, видеоанимации и книги.

Играње

уреди

Играта се состои од два начини на игра, кои се именувани по двете различни карти каде што се одвива играта:

Клисурата на повикувачот (Summoner's Rift) е картата што ја играат повеќето играчи. Картата се состои од три патеки, меѓу кои има џунгла. Секоја екипа е составена од пет играчи, од кои секој има доделена улога во текот на играта. Јунаците се избираат по сопствена волја на играчите. Натпреварите на оваа карта може да траат од најмалку 15 минути, до околу 40 минути, а понекогаш и подолго. Најдолгото снимено времетраење на неофицијален натпревар (soloqueue; soloQ) е 2 часа, 42 минути и 28 секунди.[4] На оваа карта се играат и натпревари и други официјални настани. Најдолгиот официјален натпревар е одигран во 2018 година (Jin Air Green Wings vs. SK Telecom T1), и траел 94 минути и 37 секунди.[5] Ова е најиграната карта во играта бидејќи на неа се игра SoloQ. Тоа е натпреварувачки модус на игра, кој работи на принципот на MMR. Во зависност од тоа колку е добар играчот, тој ќе биде споен со играчи со слично ниво на знаење и вештина.

Завивачката бездна (Howling Abyss) е помала карта, на која исто така играат две екипи, секој со по пет играчи. Картата се протега само на една единствена патека што претставува мост, на кој во старо време во светот на Runeterra се воделе важни битки. Натпреварите во просек траат околу 20 минути. Режимот на игра на оваа карта се нарекува ARAM (All Random, All Mid). Јунаците во овој модус се доделуваат на играчите по случаен избор.

Развој

уреди

Пред издавањето

уреди

Компанијата Riot Games е основана од страна на Брендон „Ryze“ Бек и Марк „Tryndamere“ Мерил, кои беа цимери додека го посетувале Универзитетот на Јужна Калифорнија. Тие соработувале со Стив „Гуинзо“ Фрик, претходниот дизајнер на обичната карта за Defense of the Ancients од популарната Warcraft III: The Frozen Throne и Стив „Пендрагон“ Мескон, администратор на поранешната официјална база за поддршка на картата, во развивањето на League of Legends[6] со користење на оригиналната DotA создадена од страна Еул (оригинал Одбрана на Древните, картата за Warcraft III: Владеење на Хаос) како основа, Гинсо направил DotA Allstars со вметнување на својот микс на содржини и со значително проширување на бројот на јунаци.

По издавањето

уреди

League of Legends добива редовни ажурирања во облик на закрпи (patches). Иако во други игри, овие закрпи се користат за зачувување на билансот[7] и за осигурување дека не доминира ниту една стратегија, во League of Legends, секоја нова закрпа ги тера играчите да се приспособуваат кон промените на творците како суштински дел од играта. Од 2014 година, Riot нуди редовни закрпи за League of Legends на секои две недели.[8]

Наводи

уреди
  1. „League of Legends's reporting in Champion select feature set for July launch“. PCGamesN. June 8, 2020. Архивирано од изворникот October 25, 2020. Посетено на December 23, 2020.
  2. Nguyen, Thierry (September 1, 2009). „Clash of The DOTAs“. 1UP.com. Архивирано од изворникот на 2012-01-24. Посетено на October 21, 2009. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  3. „New Player Guide“. Riot Games. Посетено на July 21, 2014.
  4. „Ask Riot: Longest Game Ever“. nexus.leagueoflegends.com (англиски). Посетено на 2022-12-26.
  5. „The longest game in History is game 3 between Jin Air Green Wings and SK Telecom T1 in 2018 during LCK Spring Split“.
  6. „Riot Games Insider Team“. Riot Games. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на July 19, 2007.
  7. „How Balanced is LoL According to a Master Player? | Runetarium“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-12-26. Посетено на 2022-12-26.
  8. Goslin, Austen (2019-11-06). „League of Legends transformed the video game industry over the last decade“. Polygon (англиски). Посетено на 2022-12-26.