Планинска гуштерица

(Пренасочено од Lacerta agilis)
Планинска гуштерица
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Гуштери
Семејство: Вистински гуштери
Род: Гуштери
Вид: Планинска гуштерица
Научен назив
Lacerta agilis
Linnaeus, 1758

Планинска гуштерица (науч. Lacerta agilis) — вид гуштер од семејството вистински гуштери, чиј ареал се протега низ речиси целата Европа и источно до Монголија. Не живее на Пиринијскиот Полуостров и европскиот дел на Турција. Распределбата ѝ е релативно раштркана.

Има светол стомак и лента на грбот: мажјаците се потемни по боја, а стануваат делумно или целосно светлозелени во сезоната за парење. Достигнуваат должина до 25 см.[2]

Има неколку подвида, од кои најзападен е Lacerta agilis agilis. Кај овој и другите два најзастапени западни подвида (Lacerta agilis argus) грбната лента е тенка и испрекината, или пак воопшто ја нема. Ова важи особено за третоспоменатиот подвид, кој има и фази кајшто е сосем црвен и кафеав на грбот, без никакви белези. Кај овие два подвида, мажјаците сезонски позеленуваат само на боковите, но источните видови (претежно Lacerta agilis exigua) мажјаците знаат да бидат целосно зелени, дури и вон сезоната за парење.

Женките ги несат јајцата во ровит песок на сончево место, а младите се развиваат и изведуваат благодарение на топлината на песокот.

Во Република Македонија

уреди

Во Република Македонија, планинската гуштерица е најзастапена во националниот парк Маврово[3] и на планината Пелистер, каде е врзана за моликата како живеалиште.[4]

Примерок на планинската гуштерица е изложен како експонат во Природнонаучниот музеј на Македонија во Скопје.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Lacerta agilis. IUCN Red List. Version 3.1. International Union for Conservation of Nature. 2009. Посетено на 11 август 2011.
  2. Michael Allaby (1999). „Lacertidae“. A Dictionary of Zoology. Oxford University Press, Encyclopedia.com. Посетено на 14 декември 2008. (англиски)
  3. Анализа на влекачите - Планинска гуштерица - Анализа и валоризација на фауната на цицачите во заштитеното подрачје Национален парк „Маврово“ (македонски)
  4. Рефугален регион Пелистер, стр. 49 Архивирано на 26 декември 2011 г. Втор национален извештај - Активности кон Конвенцијата за климатски промени (македонски)
  5. Планинска гуштерица - Природонаучен музеј-Скопје Архивирано на 10 ноември 2010 г. - Македонски национален комитет на МСМ (ICOM) (македонски)

Надворешни врски

уреди