Krizia (изговорено: Кризија) - дизајнерска модна куќа и производител на женски чанти, облека, обувки и парфеми.[1] Модната куќа со услуги „спремно за носење“ била основана од Мариучија Мандели (31 јануари 1925 - 6 декември 2015[2]), дизајнер и претприемач, во 1954 година во Милано, Италија.[3] Таа ја открила својата прва црно-бела збирка во Палацо Пити во Фиренца, Италија, во 1964 година, што и ја донела наградата „Критика дела Мода“. Под водство на Мандели, „Krizia“ брзо се проширила во текот на 1960-тите и 1970-тите години. Во 1971 година, „Krizia“ издала верзија на шорцеви исечени „многу кратки“, рана форма на т.н. „жешки панталони“.

Krizia
ДејностЛуксузна мода
Основано1954; пред 70 години (1954)
во Милано, Италија
ОсновачKrizia Уреди на Википодатоците
Седиште,
Опслужувани подрачја
Ширум светот
Производиженска облека спремна за носење, додатоци, моден накит, кожни добра, чевли, парфеми
Мреж. местоwww.krizia.it

На својот врв, во 90-тите, модната куќа заработувала половина милијарда долари на годишен период.[4] Додека била на чело на „Krizia“, на светот на високата мода, Мандели им ги претставила жешките панталони.[5][6]

Во февруари 2014 година, „Shenzhen Marisfrolg“ (Шенжен Марисфролг), кинеска корпорација, ја купила „Krizia“ и Мандели се повлекла од водечката улога.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Krizia S.p.A.“. New York Magazine. Архивирано од изворникот на 2018-11-19. Посетено на 8 октомври 2020.
  2. „Krizia Fashion Brand Founder Maria Mandelli Dies at 90“. The Business of Fashion (англиски). 7 декември 2015. Посетено на 8 октомври 2020.
  3. „Mariuccia Mandelli obituary“. The Guardian. 13 декември 2015. Посетено на 8 октомври 2020.
  4. Fox, Margalit (7 декември 2015). „Mariuccia Mandelli, Italian Fashion Designer, Dies at 90“. New York Times. Посетено на 8 октомври 2020.
  5. Mariuccia Mandelli obituary, nymag.com; пристапено на 8 октомври 2020.
  6. „Collections“. Krizia. Архивирано од изворникот на 27 јуни 2012. Посетено на 8 октомври 2020.
  7. Luisa Zargani (24 февруари 2014). „Italy's Krizia Brand Sold to China's Shenzhen Marisfrolg“. WWD. Посетено на 8 октомври 2020.

Надворешни врски

уреди