Boglioli
Boglioli (изговорено: Бољоли) е кројачки семеен бизнис за мажи, првично со седиште во италијанскиот град Гамбара (во близина на Бреша). Претседател и извршен директор е Гуљелмо Розенберг.[2]
Дејност | Мода |
---|---|
Основано | 1974[1] |
Седиште | , |
Клучни личности | Гуљелмо Розенберг, извршен директор |
Сопственик | Phi Industrial Acquisitions |
Вработени | 200 |
Мреж. место | bogliolimilano.com |
Неговиот изложбен салон е на Корсо Венеција 36 во Милано.[3] Познати се по машката облека на јакни во боја.[1]
Историја
уреди„Boglioli“ бил основан во 1974 година како семеен италијански бизнис.
Во 1987 година, брендот ја претставил својата прва збирка за времето на Пити Уомо.
Во 2000 година, „Бољоли“ се здобил со светско признание благодарение на нејзината К-јакна, деконструирана кашмирска јакна со старински шмек, која се одликувала со одмиените бои добиени преку процесот на боење облека.
Името на оваа техника потекнува од конкретниот начин на кој бојата се додава на облеката само откако е зашиена, сосема иновативен и уникатен метод невиден претходно во индустријата.
Успехот на италијанскиот пазар ги натерало „Бољоли“ да се прошират ширум светот во земји како Соединетите Држави, Канада, Јапонија и Русија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Hotchkiss, Sean (10 January 2012). „The Unstructured Life: A Q&A With the Boglioli Brothers“. GQ. Архивирано од изворникот на 2015-06-16. Посетено на 27 септември 2020.
- ↑ Rodeschini, Barbara (14 јуни 2018). „Per Boglioli ha inizio un nuovo capitolo“. MFFashion.[мртва врска]
- ↑ Службена мрежна страница на Boglioli History Архивирано на 1 април 2019 г.