Ват
Ват (анг. watt; симбол: W, Вт) е изведена SI-единица за моќност. Еднаков е на 1 џул во секунда (1 J/s), или во електрични единици, еден волт-ампер (1 V·A).
|
Ват е брзина, во џули по секунди, при кој енергијата се претвора, користи или шири.
Единицата ват го добила името по Џејмс Ват поради неговите придонеси во развојот на парната машина и е усвоена на Вториот конгрес на Британската асоцијација во 1889 година и потврдена на единаесеттата Генерална конференција за тегови и мерки во 1960 година.
Единица за сила помножена со единица за време е и чест начин за искажување на енергија. На пример, еден киловат час, е количина на енергија која една направа ќе ја претвори во друг вид енергија за еден час, и изнесува 3,6 мегаџули. Мегават ден (MWd или MW·d) е еднаков на 86,4 GJ. Овие единици често се користат во контекст на електрани и броила за струја.