Кристин Дајан Tиген (родена 30 ноември 1985)[1] е американски модел и автор. Таа порано била дел од панел-шоуто за животен стил Феблајф, а моментално е домаќин на Лип синк бетл со ЕлЕл Кул Џеј.

Криси Тиген
Тиген во 2019
Роден(а)Кристин Дајен Тиген
30 ноември 1985(1985-11-30)(39 г.)
Делта, Јута, САД
Занимање
  • модел
  • телевизиска личност
  • продуцент
  • автор
Активен период2006–сега
СопружникЏон Леџенд (в. Грешка: погрешен формат за време)
Деца4

Ран живот

уреди

Tиген е родена во Делта, Јута.[1] Нејзината мајка е со тајландско, а нејзиниот татко со норвешко потекло.[2] Таткото на Tиген работел како електричар, па семејството често се селело. Живееле на Хаваи, Ајдахо, Вашингтон, а на крај семејството се преселило во Хантингтон Бич, Калифорнија, кога Тиген била тинејџерка.[3][4][5] Таа била "откриена" од фотограф додека работела во продавница за сурфање .[3][6]

Кариера

уреди
 
Криси Тиген во Сиднеј

Таа е застапувана од ИМГ моделс Њујорк. Во јули 2007 година, таа се појавила на насловната страна на календарот на Максим. Кампањи на кои работела ги вклучуваат следниве брендови: Жилет Венера, Олеј, Најк , Скалкенди слушалки, ХОХО, АГ Австралија, Билабонг, Бич Бани, а за Најн Вест била амбасадор во кампањата за борба против рак на дојка. Таа исто така е постојан гостин и соработник на Е! , ТМЗ, MTV , Фјуз/ МСГ и Екстра со Марио Лопес, и се појавува на Следниот Топ Модел на Америка.

На 11 октомври 2017 година, Tиген објавила линија за облека, во соработка со Револв.[7]

Во 2018 година, освен што ја објавила нејзината втора готвачка книга, Tиген објавила и линија на садови за готвење, Крејвингс, достапни преку Таргет.[8]

Како автор

уреди

На 23 февруари 2016 година, Tиген ја објави книгата "Желби: Рецепти за целата храна што сакате да ја изедете" , која била бестселер од Њујорк тајмс[9] а втората најдобро продавана книга на годината, во категоријата готвење, според Паблишерс Викли.[10] На 18 септември 2018 година, Tиген ја објавила својата втора книга под наслов Желби: гладни за повеќе.

Политички ставови

уреди

Tиген е критичар на американскиот претседател Доналд Трамп и привлекла вниманието во медиумите со нејзиното појавување на маршот "Семејствата заедно".[11][12]

Личен живот

уреди

Тиген се омажила со пејачот Џон Леџенд на 14 септември 2013 година, во Комо, Италија.[13] Леџенд ја запросил Тиген во декември 2011 година, по четири години забавување;[14][15] првпат се сретнале на сет, за неговиот музички спот за песната "Стерео " од 2007 година. Песната "Ол оф ми" е посветена на неа.[13][16][17] Тие имаат две деца, ќерката Луна Симон Стефенс (родена на 14 април 2016) [18][19][20] и синот Мајлс Теодор Стефенс (роден на 16 мај 2018 година).[21][22][23] Двете деца биле зачнати преку ин витро оплодување .[24]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Chrissy Teigen Biography“. (Sidebar below image) UsMagazine.com. Архивирано од изворникот на September 26, 2015. Посетено на October 13, 2015.
  2. Green, Treye (September 14, 2013). „Who Is Chrissy Teigen? Meet John Legend's Supermodel Wife“. International Business Times.
  3. 3,0 3,1 Arcella, Lisa. „Chrissy Teigen Talks John Legend, Modeling & More“. vegasmagazine.com. Архивирано од изворникот на 2014-03-08. Посетено на 2019-01-20.
  4. Gage, Eleni. „Chrissy Teigen Gives Us Fever“. oceandrive.com. Архивирано од изворникот на October 6, 2014.
  5. „Snohomish High scores when Chrissy Teigen comes to town - HeraldNet.com“. June 7, 2017. Посетено на May 4, 2018.
  6. Adele Platon (May 10, 2013). „Chrissy Teigen Talks Hosting New VH1 Show 'Model Employee,' Cooking Obsession And John Legend“. Vibe. Посетено на August 5, 2014.
  7. „Chrissy Teigen Just Launched a Clothing Line and It's So Damn Hot“. October 14, 2017. Посетено на May 4, 2018.
  8. „Chrissy Teigen is Introducing a Kitchen and Tabletop Collection, and it's Available Only at Target“. Target Corporate (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-12-07. Посетено на 2018-10-14.
  9. „Chrissy Teigen on Her New Cookbook, Cravings: I Spent 'Years Trying to Prove to People That I Love Food'. People. Архивирано од изворникот на 2016-02-24. Посетено на February 25, 2016.
  10. „The Bestselling Cookbooks of 2016“. Publishers Weekly. Jan 18, 2017. Посетено на July 30, 2018.
  11. 13,0 13,1 Webber, Stephanie (September 14, 2013). „John Legend, Chrissy Teigen Marry in Italy – See Her Wedding Dress!“. Us Weekly. Посетено на September 14, 2013.
  12. Silverman, Stephen M. (December 27, 2011). „John Legend Is Engaged“. People. Посетено на September 14, 2013.
  13. Galla, Brittany (July 24, 2013). „Chrissy Teigen, John Legend Planning September Wedding in Lake Como, Italy“. Us Weekly. Посетено на September 14, 2013.
  14. King, Gayle. „John Legend talks wife, Chrissy Teigen as inspiration, friend Kanye West and the state of R&B“. CBS News. Посетено на January 23, 2014.
  15. Seemayer, Zach (February 15, 2016). „Exclusive: Pregnant Chrissie Teigen and John Legend Joke That Their Baby Girl 'Might Be a Nightmare'. Entertainment Tonight. Посетено на February 16, 2016.
  16. Kast, Catherine (April 17, 2016). „John Legend and Chrissy Teigen Welcome Daughter Luna Simone“. People (magazine). Архивирано од изворникот на April 17, 2016. Посетено на April 17, 2016.
  17. Legend, John (April 17, 2016). „Our new love is here! Luna Simone Stephens, born on Thursday, the 14th“. Verified Twitter account. Архивирано од изворникот на April 17, 2016. Посетено на April 17, 2016.
  18. „OMG, Chrissy Teigen Just Announced She's Pregnant In The Most Chrissy Teigen Way Possible“. Buzzfeed.com. Посетено на November 22, 2017.
  19. „Chrissy Teigen Announces She's Having a Baby Boy With John Legend“. E-online. Посетено на May 4, 2018.
  20. Gann, Jen. „Chrissy Teigen Doesn't Feel Like an Expert Mom“. The Cut. The Cut. Посетено на 27 September 2018.