In Vinica Veritas
In Vinica Veritas е фестивал за хумор и сатира кој традиционално се одржува секоја година во Виница во Домот на културата[1]. Фестивалот е единствен од ваков вид во Македонија. За првпат фестивалот бил одржан на 26 септември 1993 година, за на крајот во '90-тите да згасне. Возобновен е во 2009 година, кога станува и меѓународен. Се одржува секогаш на крајот на октомври[2]. Еден од првите добитници на награда на фестивалот во 1993 е Бошко Перински. Фестивалот трае 5 дена и на него се доделуваат неколку награди[1]:
- Карикатура
- Афоризам
- Епиграм
На вестивалот се изложуваат карикатури и се одржуваат театарски претстави. Организатор на фестивалот е Домот на културата од Виница, а е финансиски поддржан и од Министерството за култура и од локалната самоуправа[3].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Конкурс за карикатура и за афоризам“. Време. Посетено на 26 октомври 2010. На
|first=
му недостасува|last=
(help)[мртва врска] - ↑ Кожинкова, Виолета (26 октомври 2010). „Вечерва започнува фестивалот „Ин Виница Веритас"“. А1. Посетено на 26 октомври 2010.
- ↑ Љ.Ш. (26 октомври 2010). „Вечерва почнува „Ин Виница веритас"“. Дневник. Посетено на 26 октомври 2010.[мртва врска]
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |