Grizem“ (македонски: Гризам) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот втор соло студиски албум Bižuterija (2011). Напишана е од дуото Хуљиќ коешто се состои од музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната е продуцирана од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали, а потоа и на нејзините концерти и регионални турнеи. Во 2022, акустичната преработка на песната се нашла на компилацискиот албум Minut srca mog за којшто исто така е снимено и визуелно видео.

„Grizem“
сингл од Јелена Розга
од албумот Bižuterija
Пуштена2011
Снимена2011
Жанр
Должина4:06
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Музичко видео
Грешка: Немате укажано назнака на страницата на YouTube

Според текстот, во песната се работи за женски протагонист којшто е со скршено срце поради тешката врска во која се наоѓа и поради која често се „гризе“.