Google Play
Гугл плеј (поранешен Гугл Маркет; ребрендиран во март 2012) е мултимедијален сервис од „Google Inc.“, кој претставува интернет-продавница за музика, филмови, книги и апликации за Андроид. На сервисот може да се пристапи преку прелистувач, мобилна апликација и Гугл ТВ [1]. Содржината може да биде бесплатна или наплатена на сите платформи.
Официјално лого на Google Play | |
Вид место | Продавница за апликации |
---|---|
Сопственик | „Google“ |
Адреса | play.google.com |
Комерцијално | Да |
Зачленување | Потребно |
Пуштено | Предлошка:Започнува (како Android Market) Предлошка:Започнува (ребрендиран Google Play) |
Тековна состојба | Онлајн |
Производи
уредиАпликации
уредиБесплатните апликации се достапни низ целиот свет освен во Иран[2], додека наплатените апликации се достапни во 129 држави[3]. Тие се инсталираат преку уред или далечински преку мрежното место на Гугл Плеј. Според „Google“ има 450.000 апликации [4]. Секоја апликација може да се обнови автоматски или рачно. Исто така, Гугл Плеј ги филтрира апликациите според уредот, така што може да ги видите само апликациите кои работат на уредот кој го поседувате. Апликациите кои бараат пари (купување или микротрансакциски добра) можат да се платат преку електронска картичка или директно преку операторот.
Музика и книги
уредиНа 16 ноември 2011, „Google“ го започнал сервисон Гугл Мјузик, а потоа бил вклопен во музичката секција на Андроид Маркет. Според информациите на „Google“ има стотици бесплатни песни и милион достапни за плаќање. Откако Гугл Маркет се ребрендирал во Гугл Плеј, се отвориле места за музика, плејлисти и книги. Книгите може да се читаат на мрежното место на Гугл Плеј, офлајн или преку апликацијата Андроид што го поддржува форматот. Според „Google“ има над три милиони е-книги, приближно 3 милиони се бесплатни, а само стотина илјади се достапни за плаќање. Сервисот за книги е достапен во Соединети Американски Држави,Обединетото Кралство, Канада, Германија, Италија, Австралија и Шпанија.
Наводи
уреди- ↑ „Features“. Google.com. Посетено на 1 May 2012.
- ↑ „About Google Play“. Support.google.com. Посетено на 8 March 2012.
- ↑ „Paid App Availability - Google Play Help“. Support.google.com.
- ↑ Barra, Hugo (10 мај 2011). „Android: Momentum, Mobile and More at Google I/O“. The Official Google Blog. Посетено на 10 мај 2011.