GN-z11
GN-z11 — галаксија во соѕвездието Голема Мечка, најстарата галаксија и најдалечната галаксија во видливата вселена според тековните сознанија.[3] Има спектроскопско црвено поместување од z = 11,1, што одговара на сопствена оддалеченост од околу 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) од Земјата.[4][б 1]
GN-z11 | |
---|---|
GN-z11 ставена врз слика од GOODS-Север | |
Податоци од набљудување (епоха J2000[1]) | |
Соѕвездие | Голема Мечка[1] |
Ректасцензија | 12ч 36м [1] | 25,46с
Деклинација | +62° 14′ [1] | 31,4″
Црв. помест. | 11,09[2] |
Оддалеченост | ~3,2×1010 сг |
Вид | галаксија |
Маса | ~1×109 M☉ |
големина (сг) | 4000 ± 2000 (1,2 ± 0,6 кпс)[2] |
Други ознаки | |
GN-z10-1[2] | |
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии |
Називот на галаксијата е изведен од нејзината положба во галактичкото поле GOODS-Север (GOODS-North) и големото црвено поместување на Доплеровата z-скала (GN + z11).[5] Сликата која ја имаме за GN-z11 е таква каква што била пред 13,4 милијарди години, само 400 милиони години по Големата експлозија;[2][6] поради што постои заблуда[7] дека таа е оддалечена 13,4 милијарди светлосни години од нас.[8][9]
Откривање
уредиГалаксијата е пронајдена од екипата што ги проучувала податоците од вселенскиот телескоп „Хабл“ и (проект CANDELS) на „Спицер“ (преглед GOODS-Север).[10][11] Истражувачите се послужиле со широкополскиот апарат за спектроскопски да ја утврдат оддалеченоста на GN-z11, разделувајќи ја светлината на нејзините составни бои за да го измерат црвеното поместување предизвикано од ширењето на вселената.[12] Наодите, објавени во март 2016 г. укажуваат на тоа дека галаксијата е подалеку отколку што претходно се мислело, на границата на досегот на вселенскиот телескоп „Хабл“. GN-z11 е околу 150 милиони години постара од претходната рекордно оддалечена галаксија, EGSY8p7,[5] и е забележана „ многу блиску со крајот на таканаречената темна доба на вселената“,[12] а „близу самиот почеток“ на ерата на рејонизација.[10]
GN-z11 е 20 пати помала од нашата галаксија (Млечниот Пат) има 1% од нејзината маса и раѓа нови ѕвезди приближно 20 пати побрзо.[12] поради просечната старост на нејзините ѕвезди од 40 милиони години.[2] Сознанието дека постои толку масивна галаксија создадена толку бргу по настанокот на првите ѕвезди претставува предизвик за некои од тековните модели на образувањето на галаксиите.[10][12]
Белешки
уреди- ↑ На прв поглед, растојанието од 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) делува невозможно големо во вселена која е стара стара 13,8 милијарди години, а ништо не може да се движи побрзо од светлината. Сепак, поради ширењето на вселената, растојанието од 13,4 милијарди светлосни години од GN-z11 до Земјата се проширило на 32 милијарди во текот на тие 13,4 милијарди години што ѝ требале на светлината за да дојде до нас.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Hubble Team Breaks Cosmic Distance Record - Fast Facts“. HubbleSite. March 3, 2016. STScI-2016-07. Посетено на March 4, 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Oesch, P. A.; Brammer, G.; van Dokkum, P.; и др. (March 2016). „A Remarkably Luminous Galaxy at z=11.1 Measured with Hubble Space Telescope Grism Spectroscopy“. The Astrophysical Journal. 819 (2). 129. arXiv:1603.00461. Bibcode:2016ApJ...819..129O. doi:10.3847/0004-637X/819/2/129.
- ↑ Klotz, Irene (March 3, 2016). „Hubble Spies Most Distant, Oldest Galaxy Ever“. Discovery News. Архивирано од изворникот на 2019-12-07. Посетено на March 3, 2016.
- ↑ Drake, Nadia (March 3, 2016). „Astronomers Spot Most Distant Galaxy—At Least For Now“. National Geographic. No Place Like Home. Посетено на March 4, 2016.
- ↑ 5,0 5,1 „Hubble Team Breaks Cosmic Distance Record“. NASA. March 3, 2016. Посетено на March 10, 2016.
- ↑ Amos, Jonathan (March 3, 2016). „Hubble sets new cosmic distance record“. BBC News. Посетено на March 3, 2016.
- ↑ Wright, Edward L. (August 2, 2013). „Why the Light Travel Time Distance should not be used in Press Releases“. University of California, Los Angeles. Посетено на March 10, 2016.
- ↑ Borenstein, Seth (March 3, 2016). „Astronomers Spot Record Distant Galaxy From Early Cosmos“. Associated Press. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на May 1, 2016.
- ↑ „GN-z11: Astronomers push Hubble Space Telescope to limits to observe most remote galaxy ever seen“. Australian Broadcasting Corporation. March 3, 2016. Посетено на March 10, 2016.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 „Hubble breaks cosmic distance record“. SpaceTelescope.org. March 3, 2016. heic1604. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на March 3, 2016.
- ↑ „Hubble Team Breaks Cosmic Distance Record“. HubbleSite.org. March 3, 2016. STScI-2016-07. Посетено на March 3, 2016.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 Shelton, Jim (March 3, 2016). „Shattering the cosmic distance record, once again“. Yale University. Посетено на March 4, 2016.
Надворешни врски
уреди„GN-z11“ на Ризницата ? |