Free (група)

англиска рок-група

Free ― англиска рок-група основана во Лондон во 1968 година. Основачки членови на групата биле: Пол Роџерс (пејач), Пол Кософ (гитара), Енди Фрејзер (бас, пијано) и Сајмон Кирке (тапани). Најпознати песни од групата се: „All Right Now“ и „Wishing Well“.[1] Иако нивните концерти и турнеи биле масовно посетувани, немале успех во продажбата сѐ до нивниот трет студиски албум, Fire and Water (1970), на кој се наоѓала песната „All Right Now“. Успехот на песната им овозможил настап на фестивалот Isle of Wight во 1970 година, каде што свиреле пред публика од 600 000 луѓе.[2] На почетокот од 1970-тите станала една од најпродаваните британски блуз-рок групи.[3][4][5] До пред распаѓањето продале преку 20 милиони плочи и одржале над 700 концерти. „All Right Now“ и понатаму е дел од R&B и рок репертоарите.[6][7]

Free
Free во Амстердам со Стив Винвуд ок. 1970. Од лево кон десно: Винвуд, Енди Фрејзер, Пол Роџерс, Сајмон Кирке, Пол Кософ.
Животописни податоци
ПотеклоЛондон, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1968–1971
  • 1972–1973
ИздавачиIsland, A&M, Polydor
Мреж. местоfreebandofficial.com
Поранешни членови
Енди Фрејзер
Сајмон Кирке
Пол Кософ
Пол Роџерс
Џон Бандрик
Тетсу Јамаучи
Вендел Ричардсон

Енди Фрејзер ја напуштил групата во 1972 година и ја основал групата Sharks. Пред да се распадне во 1973 година, Free снимиле уште еден албум, Heartbreaker; Пол Роџерс и Сајмон Кирке потоа ја основале многу поуспешната рок-супергрупа Bad Company.[8] Пол Кософ во 1973 година ја основал Back Street Crawler, но починал од белодробна емболија на 25-годишна возраст во 1976 година.[9] Енди Фрејзер починал на 16 март 2015 година на 62 години.[10][11]

Според Ролинг Стоун, Free се „британски пионери на хард-рок музиката“.[12] Списанието го ставило Роџерс на 55-то место на списокот од „100 најдобри пејачи на сите времиња“,[13] а Кософ на 51-во место на списокот од „100 најдобри гитаристи на сите времиња“.[14]

Дискографија

уреди
  • Tons of Sobs (1969)
  • Free (1969)
  • Fire and Water (1970)
  • Highway (1970)
  • Free at Last (1972)
  • Heartbreaker (1973)

Наводи

уреди
  1. „Free | Biography & History“. AllMusic. Посетено на 16 November 2019.
  2. „All Right Now The 1970 Isle of Wight Festival“. YouTube. 1 January 2009. Архивирано од изворникот на 2024-03-22. Посетено на 21 July 2014.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. Nick Talevski (7 April 2010). Rock Obituaries – Knocking on Heaven's Door. Omnibus Press. стр. 348. ISBN 978-0-85712-117-2.
  4. Pete Prown; Harvey P. Newquist (1997). Legends of Rock Guitar: The Essential Reference of Rock's Greatest Guitarists. Hal Leonard Corporation. стр. 76–. ISBN 978-0-7935-4042-6.
  5. John Tobler (1991). Who's who in rock & roll. Crescent Books. стр. 1988. ISBN 978-0-517-05687-5.
  6. „iTunes – Music – Paul Rodgers“. itunes.apple.com. Посетено на 18 April 2014.
  7. „Information on Paul Rodgers“. Living Legends Music. 28 June 2011. Архивирано од изворникот на 5 October 2011. Посетено на 9 July 2011.
  8. „Bad Company Biography“. Badcompany.com. Архивирано од изворникот на 14 August 2014. Посетено на 21 July 2014.
  9. „Biography – Paul Kossoff Official Website“. Paulkossoffofficial.com. Посетено на 21 July 2014.
  10. Joe Viglione. „First Water – Sharks | Songs, Reviews, Credits, Awards“. AllMusic. Посетено на 21 July 2014.
  11. „Andy Fraser Biography, Songs, & Albums“. AllMusic (англиски). Посетено на 2023-09-07.
  12. „The 100 Greatest Guitarists of All Time“. Rolling Stone.
  13. „The 100 Greatest Singers of All Time“. Rolling Stone. Бр. 1066. 27 November 2008. стр. 73.
  14. Празен навод (help)

Надворешни врски

уреди