Fine Young Cannibals

британска музичка група

Fine Young Cannibals (понекогаш скратено: FYC; транскрипција: Фајн јанг канибалс) ― англиска поп-рок група основана во Бирмингем во 1984 година. Групата ја основале басистот Бит Дејвид Стил, гитаристот Енди Кокс[5] и пејачот Роланд Гифт.

Fine Young Cannibals
Fine Young Cannibals во 1990
Животописни податоци
Познат(а) и какоTwo Men, a Drum Machine and a Trumpet
ПотеклоБирмингем, Англија, Обединето Кралство
Жанрови
Период на активност1984–1992, 1996
ИздавачиLondon, I.R.S.

Во 1990 година, групата освоила две Британски музички награди: „Најдобра британска група“ и „Најдобар британски албум“ (за The Raw & the Cooked ).[6]

Историја

уреди

Групата била основана во 1984 година, по распаѓањето на групата The Beat во која претходно свиреле Кокс и Стил.[5] Групата била именувана по филмот од 1960 година Сите убави млади канибали, со Роберт Вагнер и Натали Вуд во главните улоги.[7] Нивниот прв албум Fine Young Cannibals (1985) ја содржел песната „Johny Come Home“ и преработка на „Suspicious Minds“ од Елвис Пресли; двете песни се пласирале во топ-40 на топ-листите за синглови во Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Европа.[8]

Нивниот албум од 1989 година, The Raw & the Cooked, се искачил на врвот на топ-листите за албуми во Обединетото Кралство, САД, Австралија и Канада и содржел две песни кои биле на прво место на Billboard Hot 100: „She Drives Me Crazy“ и „Good Thing“.[8]

Fine Young Cannibals се распаднале во 1992 година, но накратко се вратиле во студио во 1996 година за да снимат нов сингл, „The Flame“, за компилацијата со најголеми хитови The Finest.[8]

Членови на групата

уреди
  • Енди Кокс – гитари, клавијатури
  • Роланд Гифт – вокал
  • Дејвид Стил – бас, клавијатури, тапан-машина

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • 11/1985: Fine Young Cannibals
  • 02/1989: The Raw and the Cooked

Наводи

уреди
  1. „Fine Young Cannibals“. Discogs.
  2. Nimmervoll, Ed (n.d.). „Fine Young Cannibals: Biography & History“. AllMusic. Посетено на 28 January 2021.
  3. Mahon, Maureen (2004). Right to Rock: The Black Rock Coalition and the Cultural Politics of Race. Duke University Press. стр. 212. ISBN 9780822333173.
  4. Himes, Geoffrey (13 January 1988). „U.S. Soul, Reborn in Britain“. The Washington Post. Посетено на 28 January 2021.
  5. 5,0 5,1 Chris Heim (8 September 1989). „Fine Young Cannibals and Cherry are success stories“. Chicago Tribune (NORTH SPORTS FINAL, CN. изд.). стр. 6. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „trib“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. „Brits.co.uk“. Архивирано од изворникот на 30 May 2012. Посетено на 18 June 2021.
  7. Jessica Berens (April 1986). „Fine Young Cannibals – They're England's latest sultans of soul. Soon they'll be bringing it on home to America, where at least a band can get a decent meal“. Spin Magazine. стр. 73. Посетено на 11 September 2010.
  8. 8,0 8,1 8,2 Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 343–344. ISBN 1-84195-017-3. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „The Great Rock Discography“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски

уреди