Finance (весник)
Poslovni dnevnik Finance (Пословни дневни Финанце; во превод Дневен весник Финанце) ― единствениот дневен словенечки деловен и финансиски весник. Идејата за да се објави веќе била предложена од Изток Јуранчич пред 1991 година, кога Словенија ја прогласила својата независност. Сепак, тоа било реализирано дури во 1992 година. Најпрво весникот го издавала стопанското друштво Gospodarski Vestnik. Денес, го издава друштво Časnik Finance, која е во сопственост на шведската групација Bonnier Group и исто така објавувала неколку други публикации; на пример, списанијата Manager и Moje finance, здравствениот весник Medicina danes и мрежните портали Finance и Mojevro.[2] Од 2008 година, Finance Business Daily изнесувала три четвртини од приходот на друштвото Časnik Finance.[3] Пред да стане дневен весник во 2002 година, Finance бил издаван двапати неделно.
Тип | Дневен весник |
---|---|
Формат | Берлинер |
Сопственик | Bonnier Group |
Издавач | Časnik Finance, d.o.o. |
Уредник | Петер Франкл |
Политичка определба | Либерализам |
Седиште | Љубљана, Словенија |
Тираж | 16,178 (јануари–март 2011) до 15,152(јули–септември 2011)[1] |
Страница | www.finance.si |
Историја
уредиПрвиот број на Finance бил објавен на 20 мај 1992 година.[4] Тој е со седиште во Љубљана.[4] Весникот првично бил двонеделник.[4][5]
Во 1993 година имал над 2.000 претплатници. Во 1994 година, Gospodarski Vestnik го назначила Петер Франкл за свој директор. Во 1999 година било основано стопанското друштво Časnik Finance. Била во сопственост на Gospodarski Vestnik (50%), Dagens Industrie (45%) и неколку физички лица (5%). Директор на друштвото беил Јуриј Џакомели. Интернет верзијата на весникот започнала во октомври 2000 година.
Во 2002 година, Finance станал дневен весник,[5] и визуелниот дизајн бил променет исто така. Во 2005 година, сопственик на друштвото Časnik Finance (99,59%) станал Bonnier Business Press AB, претходно наречена Dagens Industrie. Во 2006 година сопственикот го назначиl Пeтер Франкл за директор на Časnik Finance. Тој, исто така, останал главен уредник.
Во 2003 година, Finance имал тираж од 10.000 примероци.[4] Тиражот на весникот во 2007 година бил 15.200 примероци.[6] Според податоците на СОЗ РПН за последниот квартал од 2017 година,[7] Finance имал печатен тираж од 7.823 примероци од кои биле продадени 5.842 примероци. Во истиот период, Finance имале 4.141 електронски претплати.
Етички кодекс
уредиНовинарите од Finance донеле етички кодекс, наречен Кодекс на новинарите на весникот Finance . Главно се засновал на Етичкиот кодекс на словенечките новинари, со додавање на неколку написи поврзани со финансиското новинарство.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Preglednica revidiranih prodanih naklad“ [Табела на ревидирани обеми на продажба] (словенечки). Slovenian Advertising Chamber. Посетено на 15 октомври 2022.[мртва врска]
- ↑ Antončič, Goran (јули 2010). Uvajanje CRM-sistema v založniškem podjetju [The Introduction of the CRM System in a Publishing Company] (PDF) (словенечки).
- ↑ Milić, Marja (октомври 2009). Ocenjevanje vrednosti blagovne znamke Finance [The Assessment of the Value of the Finance Trademark] (PDF) (словенечки). Faculty of Economics, University of Ljubljana.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Martine Robinson Beachboard; John C. Beachboard (2006). „Implications of Foreign Ownership on Journalistic Quality in a Post-Communist Society: The Case of Finance“ (PDF). Informing Science Journal. 9. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ 5,0 5,1 „Slovenia Newspapers Magazines Journals and Weeklies“. Ljubljana Slovenia Travel. Архивирано од изворникот на 16 февруари 2015. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ „Media“ (PDF). IPA Section Slovenia. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 ноември 2014. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ „Preglednica revidiranih prodanih naklad (2016)“. Slovenska oglaševalska zbornica. 26 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2022-10-17. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ Radovič, Jerneja (ноември 2007). Prikrito oglaševanje v slovenskem medijskem prostoru [Covert Advertising in the Slovenian Media Space] (PDF) (словенечки).