Скапоцен скалар

(Пренасочено од Epitonium scalare)
Скапоцен скалар
Черупка на скапоцен скалар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Мекотели
Класа: Полжави
Семејство: Скалари
Род: Скалар
Вид: Скапоцен скалар
Научен назив
Epitonium scalare
(Линеј, 1758)

Скапоцениот скалар (лат. Epitonium scalare) е граблив или ектопаразитски вид на морски полжав со капак, од фамилијата Скалари.

Порано черупките на ова животно се сметале за исклучително ретки и држеле многу високи цени, но не и денес.

Школка

уреди
 
Черупката има испапчени ребра наречени „кости“. Овие ребра се многу чести кај членовите на родот Скалари.

Черупката на овој вид расте до големина од 60 mm.[1]

Многу видови скалари имаат мошне убави черупки, интересни по нивнот физички состав. Овој вид е особено забележителен, делумно бидејќи е доста поголем од другите видови од тој род, но и поради тоа што свиоците не му се допираат меѓусебно, туку черупката се држи во целина само со помош на добро развиените ребра (кости).

Наводи

уреди
  1. Epitonium scalare (Линеј, 1758) Скапоцен скалар“. Џексонвилски школкарски клуб, проверено: 12 март 2010.

Литература

уреди

Dance, S. Peter, 1969, Rare Shells, University of California Press. 128 стр, 24 илуст. во боја, ISBN 0571082173 / 9780571082179 / 0-571-08217-3