Волчја опашка

(Пренасочено од Echium vulgare)
Волчја опашка
Расцветана волчја опашка
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Лисичинковидни
Семејство: Лисичинки
Род: Волчја опашка
Вид: Волчја опашка
Научен назив
Echium vulgare
L.

Волчја опашка (поточно: обична волчја опашка, научEchium vulgare) — вид цветно растение од родот волчја опашка (Echium) кое природно вирее во најголемиот дел од Европа (вклучувајќи ја Македонија), како и запдна и средна Азија.[1][2] Често се среќава и во Северна Америка.[3]

Ова е двегодишно или едноплодно повеќегодишно растение со висина од 30–80 см и груби влакнести зашилени листови. Цветовите најпрвин се розови, а потоа добиваат впечатлива сина боја. Имаат пречник од 15-20 мм, распоредени на разгранет шилец и имаат издадени прашници. Поленот има сина боја[4] но толчничките кончиња остануваат црвени, сопоставени наспроти сините цветови. Цвета меѓу мај и септември. Се среќава на суви и голи места, како и на депонии.[5]

Растението е доведено во Северна Америка и денес е одомаќинето на делови од континентот. Во сојузната држава Вашингтон важи за инвазивен вид.[2]

Се одгледува како маслодајно растение поради присуството на масни киселини во семето. Како и лисичинката и ноќничето, содржи значителни количества на гама-линолеинска киселина, но и поретката стеаридонска киселина.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Flora Europaea: Echium vulgare
  2. 2,0 2,1 Germplasm Resources Information Network: Echium vulgare
  3. Dickinson, T.; Metsger, D.; Bull, J.; & Dickinson, R. (2004) ROM Field Guide to Wildflowers of Ontario. Toronto:Royal Ontario Museum, стр. 203.
  4. Dorothy Hodges (1952). The pollen loads of the honeybee. Bee Research Association Ltd., London.
  5. Fitter, R. & A. (1974). The Wild Flowers of Britain and Northern Europe. Collins.
  6. National Non-Food Crops Centre. Echium Архивирано на 16 ноември 2009 г. — NNFCC посет. 26 март 2009 г

Надворешни врски

уреди