Вилдпретова волчја опашка
Вилдпретова волчја опашка | |
---|---|
![]() | |
Вилдпретова волчја опашка на островот Тенерифе | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносемени |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | (неназначено) |
Семејство: | Лисичинки |
Род: | Волчја опашка |
Вид: | Вилдпретова волчја опашка |
Биномен назив | |
Echium wildpretii H.Pearson ex Hook.f. |
Вилдпретова волчја опашка (науч. Echium wildpretii) — двегодишно растение кое достигнува до 3 м во височина. Видот е ендемски на островот Тенерифе, и вирее главно во клисурите на планината Теиде. Растението се нарекува и кула од драги камења, црвена волчја опашка, тенерифска волчја опашка или теидска волчја опашка.[1] На шпански растението се нарекува „тахинасте“ (tajinaste).
РаспространетостУреди
Растението може да се најде во субалпскиот појас, во клисурите на планината Теиде. Бара многу сонце и вирее во суви и пусти предели, но трпи мраз сè до температура од -15 °C.
ОписУреди
Ова двегодишно растение во првата година дава густа розета од листови, а во втората исправено соцветие со височина од 1-3 м.
ПроцутУреди
Растението на Тенерифе цути од доцна пролет до раниот период од летото.
УпотребаУреди
Растението се одгледува во градините за украс, но не трпи ниски температури. Како и другите волчји опашки, ова растение е ценето во пчеларството бидејќи дава многу нектар и полен.
ПоврзаноУреди
- Обична волчја опашка — видот што вирее во Македонија
НаводиУреди
- ↑ Bramwell, D и Bramwell, Z (2001) Wild flowers of the Canary Islands. Второ издание. Editorial Rueda SL, Madrid, Spain ISBN 84-7207-129-4.
Надворешни врскиУреди
- Вилдпретовата волчја опашка на Ризницата ?
- Вилдпретова волчја опашка (Echium wildpretii) — Енциклопедија на живиот свет (македонски)
- Информации за Вилдпретовата волчја опашка и форум на одгледувачи (англиски)