Dolerus pratensis
Dolerus pratensis | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Dolerus |
Научен назив | |
Dolerus pratensis Linnaeus, 1758 |
Dolerus pratensis е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]
Опис
уредиГлавата, градите и тегулите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. На предните нозе една третина од фемурот е црвена. Абдоменот е црн на двата краја, во средината од вториот до петтиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма.
Ларвите достигнуваат должина од 30 мм. Нивната глава со белузлав и жолт белег. На челото има кафеава дамка во форма на срп. Телото од горната страна зеленикаво, или понекогаш кафеаво. Од долната страна е светлозелено или жолтеникаво. Се среќаваат во текот на јуни и јули на растенија од родот на Equisetum.[1]
Возрасните единки достигнуваат должина од 10-12,5 мм.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на овој вид оса е Европа, Сибир, источно од Камчатка, како и високите планини на Источна Африка. Во Македонија видот се среќава во Маврово и село Рашче, Скопско.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 79