Dead Space 3

видеоигра од 2013 година

Dead Space 3 (буквално: Мртва вселена 3) — научнофантастична пукачка игра од трето лице со елементи на ужаси за преживување, развиена од американското студио Visceral Games. Третата и последна игра во серијата Dead Space. На 15 јануари 2013 г., се појавила затворена демоверзија, достапна само за корисниците на Xbox 360. На 22 јануари, демоверзијата станала достапна за сите сопственици на Xbox 360 и PS3. Целосната верзија на играта била објавена на 5 февруари 2013 г. во Америка.

Dead Space 3

Изработувач(и) Visceral Games
Издавач(и) Electronic Arts
Серијал Dead Space
Подлоги
Датум на издавање 5 февруари 2013 (САД)
8 февруари 2013 (ЕУ)
Жанр(ови) ужаси за преживување, акција
Режим(и) едноиграчки, повеќеиграчки

Приказната на играта го следи ликот на играчот Ајзак Кларк и неговите сојузници додека истражуваат замрзната планета, Тау Волантис, за да го откријат потеклото на растечката закана од нивните непријатели, некроморфите. Играчите го управуваат Ајзак и ја истражуваат околината, решаваат загатки и наоѓаат ресурси, додека се борат со некроморфите и непријателските луѓе наречени јунитолози. Играта поддржува онлајн групни повеќеиграчки сесии во кои втор играч ја презема улогата на новиот лик Џон Карвер.

Оценки

уреди

Dead Space 3 добила „во целост поволни“ одзиви од критичарите, според веб-страницата за собирање на податоци Metacritic. За време на Наградите за рецензенти на Националната академија на видеоигри во 2013 г., Dead Space 3 била предложена во категориите „Анимација, интерактивност“; „Режија во играчко кино“; "Звучни ефекти"; и „Употреба на звук, франшиза“. По објавувањето, Dead Space 3 добила во целост потврдни одзиви од критичарите, од кои многумина го пофалиле нејзиниот играчки процес, системот за изработка и графика. Вообичаена критика било преминувањето од ужаси за преживување кон акција, што многумина сметале дека го ослабува доживувањето. Реакцијата на обожавателите исто така била измешана за промената кон исклучиво акциона игра, и пред и по објавувањето.[1]

Наводи

уреди
  1. Contributor, Samuel Horti; Horti, Samuel (2018-11-07). „10 years on, here's how Dead Space went from horror to action horror in three games“. Rock, Paper, Shotgun (англиски). Посетено на 2024-06-04.

Надворешни врски

уреди