Dead Kennedys
Dead Kennedys — американски панк рок бенд формиран во Сан Франциско, Калифорнија, во 1978 година. Групата била една од оние кои го дефинирале панк движењето во САД. [1]
Dead Kennedys | |
---|---|
Dead Kennedys на настап во 2019 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | deadkennedys.com |
Во своите песни „Dead Kennedys“ најчесто користеле политички мотивирани стихови, а цел на нивниот сарказам биле политичарите и авторитетот воопшто, но и популарната култура, па дури и самото панк движење. За време на своето постоење од 1978 до 1986 година, групата била пропратена со многу контроверзии поради нивните провокативни текстови. Неколку продавници одбиле да ги продаваат нивните плочи, што пак ја покренало дебатата за цензура во рок музиката.
Групата издала четири студиски албуми и едно EP пред нејзиното расформирање во 1986 година. По распаѓањето на групата, Биафра продолжил да соработува и да снима песни со други музичари, како DOA, NoMeansNo и неговите други групи Lard и Guantanamo School of Medicine, и исто така објавил неколку плочи со говор.
Во 2000 година Биафра ја загубил парницата покрената од неговите поранешни колеги од групата Dead Kennedys поради неплатени авторски права. Во 2001 година, групата повторно се формирала, но без Биафра; и оттогаш често ги менувале пејачите. Иако Dead Kennedys продолжиле да настапуваат во живо од објавувањето на нивниот четврти студиски албум Bedtime for Democracy во 1986 година тие не објавиле нов материјал.
Историја
уредиDead Kennedys се формирале во јуни 1978 година во Сан Франциско, Калифорнија, откако Ист Беј Реј (Рејмонд Пеперел) објавил оглас во весник во кој барал членови за музичка група. Првата постава на групата била: Ист Беј Реј на водечка гитара, Клаус Флурид (Џефри Лајал) на бас, Џело Биафра (Ерик Рид Баучер) како вокал, Тед (Брус Слезинџер) на тапани и 6025 (Карлос Кадона) на ритам гитара. Оваа постава ги снимила првите демо снимки. Прв настап во живо имале на 19 јули 1978 година во Сан Франциско.
Поради провокативното име на групата, понекогаш свиреле под псевдоними, како „The DK's“, „The Sharks“, „The Creamsicles“ и „The Pink Twinkies“. Колумнистот на San Francisco Chronicle, Херб Каен, во ноември 1978 година напишал: „Токму кога мислите дека невкусот го достигна својот надир, доаѓа панк рок група наречена „Dead Kennedys“ (во буквален превод од англиски: Мртвите Кенедиеви), која ќе свири во Мабухеј Гарденс на 22 ноември, на 15-годишнината од Атентатот на Џон Ф. Кенеди“.
6025 го напуштил бендот во март 1979 година под нејасни околности, кои обично се опишуваат како музички разлики. Во јуни, бендот го издал својот прв сингл, „California über alles“.
Во почетокот од 1980 година, го објавиле синглот „Holiday in Cambodia“, а во јуни го снимиле својот деби албум, Fresh Fruit for Rotting Vegetables, кој го објавиле во септември истата година за британскиот издавач Cherry Red. По првичното издание реиздаден е од неколку други издавачи, како IRS, Alternative Tentacles и Cleopatra. Најновото реиздание - специјалното издание за 25-годишнината - ги содржи оригиналните уметнички дела и бонус 55-минутно ДВД кое го документира создавањето на албумот, како и првите години на бендот. [2]
Во јануари 1981 година, Тед објавил дека сака да замине за да се посвети на кариера во архитектура. Негова замена бил Д.Х. Пелигро (Дарен Хенли). Отприлика во исто време, Ист Беј Реј се обидел да ги наговори другите членови од групата да потпишат со големата издавачка куќа Polydor Records; Биафра рекол дека е подготвен да ја напушти групата ако остатокот од групата сака да потпише со издавачот.[3] Polydor, откако дознале дека следната песна на Dead Kennedys треба да го носи насловот „Too Drunk to Fuck“, решиле да не потпишуваат договор со бендот.
Објавувањето на „Too Drunk to Fuck“ во мај 1981 година предизвикало контроверзии во ОК, затоа што од Би-Би-Си се плашеле дека песната ќе се пласира на Топ 30, и со тоа ќе мора да го спомнат насловот на Top of the Pops.
Во 1981 бил објавен In God We Trust, Inc. и се забележало дека групата се движи кон поагресивен хардкор/траш звук. Освен контроверзната обвивка на тоа ЕП на која е насликана златна Христова фигура на крст од банкноти, содржел стихови со дотогаш најзајадлив текст за социјалниот и политичкиот живот, и песни како „Moral Majority“, „Nazi Punks Fuck Off!“ и „We've Got a Bigger Problem Now“. Со ова Dead Kennedys станале гласноговорници на социјалните протести. Во 1982 година, го издале својот втор студиски албум, Plastic Surgery Disasters. На насловната страна на албумот се наоѓа свената рака на изгладнето дете од Африка која ја држи рака на белец, слика која ја добила наградата World Press Photo во 1980 година, направена во Уганда од Мајк Велс.
Објавувањето на албумот Frankenchrist во 1985 година покажал дека бендот созреал во музиката и лириката.
Сепак, избувнала контроверзност поради тоа што на оригиналната корица од албумот се наоѓала сликата „Пејсаж на пенисот“ од Х.Р. Гигер. Уметничкото дело предизвикало бес кај новоформираниот Музички ресурсен центар на родители (PMRC). Во декември 1985 година, една тинејџерка го купила албумот. [4] Мајката на девојчето напишала писма со поплаки до јавниот обвинител на Калифорнија и до обвинителите во Лос Анџелес.[4] Во јуни 1986 година, членовите на бендот, заедно со другите страни вклучени во дистрибуцијата на Frankenchrist, биле кривично обвинети за дистрибуција на штетни материјали за малолетници. [5]
Сепак, судењето завршило со ослободителна пресуда. Албумот бил забранет во многу продавници за плочи низ САД.
Во јануари 1986 година, пред снимањето и објавувањето на Bedtime for Democracy, групата одлучила да се расформира. Својот последен настап во живо со оригиналната постава го имале на 21 февруари.[6] [7] Биафра на телевизиски емисии продолжил да зборува за неговите политички убедувања и објавил многу албуми само со зборување. Реј, Флурид и Пелигро исто така продолжиле со соло кариери.
Влијание
уредиМртвите Кенеди влијаеле на многу изведувачи како: System of a Down, Green Day, Faith No More, Rage Against the Machine, Sepultura, Descendents, Bad Religion, Slayer, X, Minutemen, The Hives, Saves the Day и Screeching Weasel покрај останатите. [8]
Членови
уредиПрва постава:
- Џело Биафра - пејач
- East Bay Ray - гитарист
- Клаус Флорејд - басист
- 6025 - тапанар
Тековен состав:
- Рон „Скип“ Грир ( Рон „Скип“ Грир ) – главен вокал (од 2008 до денес)
- Iste Bay Ray – гитара (1978 - 1986, 2001 - денес)
- Клаус Флореиде – бас (1978 - 1986, 2001 - денес)
- Дејв Шеф ( Дејв Шеф ) – тапанар (2008 - денес)
Поранешни членови:
- 6025 – тапанар (1978), гитара (1978 - 1979)
- Тед - тапанар (1978 - 1981)
- DH Peligro – тапанар (1981 - 1986, 2001 - 2008)
- Jello Biafra – главен вокал (1978 - 1986)
- Брендон Круз ( Брендон Круз ) – главен вокал (2001 - 2003)
- Џеф Пеналти ( Џеф Пеналти ) – главен вокал (2003 - 2008)
Дискографија
уреди- Fresh Fruit for Rotting Vegetables (1980)
- Plastic Surgery Disasters (1982)
- Frankenchrist (1985)
- Bedtime for Democracy (1986)
Видео запис
уреди- Уметноста на панкот - Dead Kennedys (Музеј на современа уметност) (2013) Документарен филм
Наводи
уреди- ↑ „Dead Kennedys | Biography & History“. AllMusic (англиски). Архивирано од изворникот на June 24, 2019. Посетено на June 24, 2019.
- ↑ „Dead Kennedys: Fresh Fruit for Rotting Vegetables“. Pitchfork (англиски). Архивирано од изворникот на August 16, 2017. Посетено на March 12, 2019.
- ↑ Nardwuar the Human Serviette, December 2005 interview with Jello Biafra and The Melvins, as reproduced in Alternative Tentacles Batcast No. 15, April 25, 2006 Архивирано на 3 јуни 2011 г.
- ↑ 4,0 4,1 Wishnia, Steven. "Of Punk and Pornography: Rockin' With the First Amendment". The Nation. October 24, 1987.
- ↑ Deflem, Mathieu. 2020. "Popular Culture and Social Control: The Moral Panic on Music Labeling." Архивирано на 3 август 2019 г. American Journal of Criminal Justice 45(1):2-24 (First published online July 24, 2019).
- ↑ bigspin (2011-04-06). „Dead Kennedys“. Beat Magazine (англиски). Посетено на 2022-12-13.
- ↑ Punknews.org. „Dead Kennedys - Bedtime for Democracy“. www.punknews.org (англиски). Посетено на 2022-12-13.
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. „Dead Kennedys | Similar Artists“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 24, 2019. Посетено на August 23, 2019.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Dead Kennedys на Curlie (англиски)
- Alternative Tentacles's Dead Kennedys Biography