Dave Matthews Band

американска рок-група

Dave Matthews Band (транскрипција: Дејв Метјус бенд; познат и под акронимот DMB) ― американска рок-група основана во Шарлотсвил во 1991 година. Основачки членови на групата биле кантавторот и гитарист Дејв Метјуз, басистот Стефан Лесард, тапанарот и придружен вокал Картер Бофорд, виолинистот и придружен вокал Бојд Тинсли и саксофонистот Лерој Мур. Во 2024 година, Метјуз, Лесард и Бофорд се единствени преостанати основачки членови во групата.

Dave Matthews Band
The band onstage
Dave Matthews Band на настап во 2005 година. Од лево кон десно: Тејлор, Тинсли, Метјуз, Бофорд, Лесард и Мур
Животописни податоци
Познат(а) и какоDMB
ПотеклоШарлотсвил, Вирџинија, САД
Жанрови
Период на активност1991―
Издавачи
Мреж. местоdavematthewsband.com

До 2018 година групата продала преку 25 милиони билети за концерти и вкупно 38 милиони ЦД-а и ДВД-а.[1] Нивниот албум од 2018 година, Come Tomorrow, дебитирал на прво место на Билборд 200, со што DMB станале прва група со седум последователни студиски албуми кои дебитирале на врвот на топ-листата. Групата, во 1996 година освоила Греми за „Најдобра рок вокална изведба од дуо или група“ за песната „So Much to Say“. Во 2024 година, Dave Matthews Band била избрана за внесување во Куќата на славните на рокенролот.

Историја на групата

уреди

Основање и пробив на музичката сцена (1991–1999)

уреди

Групата била основана во Шарлотсвил, Вирџинија во 1991 година откако Дејв Метјус одлучил да сними некои песни кои претходно ги напишал. Тој ги ангажирал Бофорд и Мур, кои биле месни џез-музичари, а подоцна по препораки од пријатели во групата ги повикал Тинсли и Лесард.

На 9 ноември 1993 година, DMB го објавиле нивното прво официјално издание, Remember Two Things.[2][3] Во 1994 година групата го издала нејзиното прво ЕР во живо под наслов Recently.

 
Членовите на Toots and the Maytals со Дејв Метјус кога настапувале заедно во 1998 година

На 27 септември 1994 година, DMB го издале нивниот прв студиски албум, Under the Table и Dreaming. Албумот бил посветен на постарата сестра на Метјуз, Ана, која била убиена од нејзиниот сопруг во 1994 година. Under the Table и Dreaming на групата ѝ донел светска слава.[4]

Dave Matthews Band во 1996 година освоиле Греми за најдобра рок-изведба од дуо или група за песната „So Much to Say“, а биле номинирани за најдобар рок-албум за „Crash“ и за најдобра рок-песна за „Too Much“. Групата, исто така, била номинирана во 1995 година за најдобра рок изведба од дуо или група и за најдобро музичко видео, за песната „What Would You Say“.[5]

2000-ти

уреди
 
Дејв Метјуз, Бојд Тинсли и Буч Тејлор во Мелбурн за време на нивната прва турнеја низ Австралија

Во 2000 година, DMB опремиле свое музичко студио во околината на Шарлотсвил. Групата почнала да работи на четвртиот студиски албум во студиото.

Во октомври 2000 година, Метјуз почнал да пишува песни со Глен Балард, познат по неговата соработка со Аланис Морисет. Другите членови од DMB (заедно со специјалниот гостин, Карлос Сантана) набрзо му се придружиле на Метјуз во Лос Анџелес и за кратко време го снимиле албумот Everyday. Албумот бил издаден на 27 февруари 2001 година и забележал огромен комерцијален успех. Сингловите „I Did It“, „Everyday“ и „The Space Between“ се нашле на многу Билбордови топ-листи, вклучувајќи го и Hot100.

На 16 јули 2002 година DMB преку RCA Records го издале албумот Busted Stuff. Busted Stuff забележал критички и комерцијален успех. Стана трет албум по ред од групата кој се искачил на прво место во САД, а исто така стигнал до врвот на топ-листата во Канада. Во текот на овие две години групата објавила два албума во живо: Live in Chicago 12.19.98, со Тим Рејнолдс на гитара и Live at Folsom Field, Boulder, Colorado.

Албумот Stand Up бил издаден на 10 мај 2005 година и дебитирал на прво место на Билбордовата топ-листа. Од Stand Up биле издадени сингловите „American Baby“, „Dreamgirl“ и „Everybody Wake Up“. За „Dreamgirl“ групата направила спот во кој се појавува Џулија Робертс, долгогодишна обожавателка на групата.[6]

На 30 јуни 2008 година, саксофонистот Лирој Мур бил повреден во несреќа со возило на неговата фарма во близина на Шарлотсвил.[7] На 1 јули 2008 година, додека бил во Шарлотсвил, Дејв Метјуз ја објавил несреќата на Мур.[8] Иако се очекувало целосно да закрепне, Мур ненадејно починал од компликации од несреќата на 19 август 2008 година. И покрај смртта на Мур, групата го довршила остатокот од турнејата, откажувајќи само два концерта.[9]

Следниот албум на групата, Big Whisky and the GrooGrux King, бил издаден на 2 јуни 2009 година, што се совпаднало со придружната летна турнеја, планирана да трае до почетокот на октомври.[10] Групата овој албум го посветила на Мур.[11]

Албумот се искачил на прво место на Билборд 200 и од него биле издадени три синглови од албумот: „Funny The Way It Is“, „Why I Am“ и „You and Me“. Албумот бил номиниран за две Греми награди во 2010 година: најдобар рок-албум и албум на годината. Изгубил од 21st Century Breakdown од Green Day и Fearless од Тејлор Свифт.

2010-ти

уреди

На 11 септември 2012 година групата го издала осмиот студиски албум, Away from the World.[12] Албумот дебитирал на прво место на Билборд 200, нивни шести последователен студиски албум со ваков успех, што било рекорд во тоа време.

Во 2016 година, Dave Matthews Band ја прославил 25-годишнина од основањето и најавиле јубилејна турнеја.[13] Турнејата во 2016 година траела од 11 мај до 4 септември со 45 концерти во САД и еден концерт во Канада.[14]

На 16 јануари 2018 година, Дејв Метјуз Бенд најавиле летна турнеја во 2018 година и нов албум. Албумот Come Tomorrow бил издаден на 8 јуни 2018 година[15] и дебитирал на прво место на Билборд 200. Ова бил нивен седми последователен албум кој дебитирал на прво место на Билборд 200, соборувајќи го нивниот претходен рекорд.

2020-ти

уреди

На 4 мај 2020 година, групата објавила дека сите нивни летни концерти од 2020 година ќе бидат преместени за 2021 година поради глобалната COVID-19 пандемија.

На 19 мај 2023 година групата го објавила десеттиот студиски албум, Walk Around the Moon.

Во 2024 година, Dave Matthews Band била избрана за внесување во Куќата на славните на рокенролот.[16][17]

Членови на групата

уреди

Сегашни членови

уреди
  • Дејв Метјус – главен пејач, ритам-гитара, акустична гитара, пијано (1991–денес)
  • Стефан Лесард – бас-гитара (1991–денес)
  • Картер Бофорд – тапани, удирачки инструменти, придружни вокали (1991–денес)
  • Рашон Рос – труба, удирачки инструменти, придружни вокали (2006–денес, гостин во 2005)
  • Џеф Кофин – саксофон, дувачки инструменти (2008–денес, гостувал 1997–2003 и 2006)
  • Тим Рејнолдс – Водечка гитара (2008–сега, гостувал 1993–1995, 1998 и 2004)
  • Бади Стронг – клавијатури, придружни вокали (2018–сега) [18]

Поранешни членови

уреди
  • Лирој Мур – саксофон, дувачки инструменти (1991–2008; кога и починал)
  • Питер Гризар – клавијатури, придружни вокали, хармоника (1991–1993)
  • Бојд Тинсли – виолина, вокал, мандолина (1992–2018, гостувања 1991–1992)
  • Буч Тејлор – клавијатури, придружни вокали (2001–2008, гостувања 1998–2000 и 2017)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Under the Table and Dreaming (1994)
  • Crash (1996)
  • Before These Crowded Streets (1998)
  • Everyday (2001)
  • Busted Stuff (2002)
  • Stand Up (2005)
  • Big Whiskey & the GrooGrux King (2009)
  • Away from the World (2012)
  • Come Tomorrow (2018)
  • Walk Around the Moon (2023)

Наводи

уреди
  1. „GRAMMY MUSEUM® PRESENTS DAVE MATTHEWS BAND: INSIDE AND OUT“. Grammy.com (англиски). 2021-05-04. Посетено на 2021-12-19.
  2. „Dave Matthews Band Albums“. Посетено на April 15, 2009.
  3. Coleman, Gene (November 18, 1993), „Dave Matthews Band releases debut disc“, Commonwealth Times, Richmond Virginia: 7, Посетено на May 28, 2024
  4. „Under the Table and Dreaming | Classic Rock Review“. May 23, 2014.
  5. „Dave Matthews Band“. National Academy of Recording Arts and Sciences. June 4, 2019.
  6. „Dream Girl Video“. Посетено на December 9, 2006.
  7. Brendan Fitzgerald (June 20, 2008). „DMB sax player hospitalized“. Portico Publications. Архивирано од изворникот на July 8, 2011. Посетено на November 30, 2009.
  8. „Front Row King – Dave Matthews Band“. Архивирано од изворникот на March 8, 2014. Посетено на March 7, 2014.
  9. „The Official Dave Matthews Band Website :: News“. Архивирано од изворникот на July 28, 2011. Посетено на September 12, 2008.
  10. „Dave Matthews Band Summer Tour Dates“. Архивирано од изворникот на July 28, 2011. Посетено на February 18, 2009.
  11. „Establishment of Moore Fund Will Provide Annual Scholarships for Four Students“. US Fed News Service. November 13, 2009. ProQuest 470436949.
  12. „Dave Matthews Band Merchandise Store“. Davematthewsband.shop.musictoday.com. Архивирано од изворникот на July 5, 2012. Посетено на December 17, 2012.
  13. Празен навод (help)
  14. Празен навод (help)
  15. „Dave Matthews Band's Come Tomorrow Set For June 8 Release On RCA Records“. Davematthewsband.com.
  16. „2024 Rock and Roll Hall of Fame inductees“. Rock & Roll Hall of Fame. 22 April 2024. Посетено на 22 April 2024.
  17. Greene, Andy (22 April 2024). „Cher, Ozzy Osbourne, Dave Matthews Band, Mary J. Blige Lead Rock and Roll Hall of Fame 2024 Class“. Rolling Stone. Посетено на 22 April 2024.
  18. „Buddy Strong Brand on Instagram: "🚨🚨O F F I C I A L•A L E R T🚨🚨 Proud to announce that I'm working with @davematthewsband #DaveMatthewsBand for the upcoming Summer tour.....". Instagram.com. Архивирано од изворникот на 2023-04-15. Посетено на May 18, 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди