Песна на Германците

германска родољубива песна
(Пренасочено од Das Lied der Deutschen)

Песна на Германците (гер. Das Lied der Deutschen) — државна химна на Германија. Текстот го напишал Август Хајнрих Хофман фон Фалерслебен на 26 август 1841 година на островот Хелголанд[1].

Das Lied der Deutschen
макед. Песната на Германците
Факсимил од записот на Хофман фон Фалерслебен

Национална химна на  Германија
Друг насловDas Deutschlandlied
(Песната на Германија)
Deutschland über alles
(Германија над сè)
ТекстХофман фон Фалерслебен, 1841 г.
МузикаЈозеф Хајдн, 1797 г.
Усвоена1922 г.
Звучен извадок
инструментална верзија на германската химна

Музиката ја напишал Јозеф Хајдн. Најпрвин, музиката била компонирана за химната на Австрија, за текстот на песната “Боже, чувај го императорот Франц“ (Gott erhalte Franz den Kaiser).

Фалерслебен ја напишал „Песната на Германците“ (Das Lied der Deutschen) во време кога Германија сè уште била разделена на кралства и принципати. Песната ја изразувала неговата желба за обединета и силна Германија. Стихот “Германија, Германија над сè, над сè во светот“ (Deutschland, Deutschland über alles, über alles in der Welt) значи дека Германците и нивните владетели мораат пред очите да ја имаат обединета Германија како цел. Во времето на Фалерслебен, текстот на песната имал револуционерен и либерален призвук, бидејќи повикот на обединување на Германија обично вклучувал и барања за слобода на весниците и поголеми граѓански права.

Сите три строфи станале државна химна на Германија во 1922 година. Меѓутоа, наскоро песната почнала да ја користи нацистичката партија на Хитлер во склад со својата идеологија. Првиот стих членовите на партијата го протолкувале како “Германија мора да владее со целиот свет“, а сликата на Фалерслебен за обединета татковина ја промениле во Трет Рајх, што довело до Втората светска војна.

Во 1949 година, кога Западна Германија се формирала како демократска држава, Германците заклучиле дека поради споменатиот негативен призвук не можат да ги користат сите строфи. Сепак, не сакале ни да ја отфрлат песната, затоа што изворно била создадена со желба за демократија. Затоа ја задржале како државна химна.

Денес германска државна химна е само третата строфа. Првите две строфи не се забранети, но никогаш не се пеат во официјални пригоди. Пеењето или користењето на првата строфа може да се протолкува како изразување на десничарски политички став.

Текст

уреди
германски македонски
прва строфа

Deutschland, Deutschland über alles,
Über alles in der Welt,
Wenn es stets zu Schutz und Trutze
Brüderlich zusammenhält.
Von der Maas bis an die Memel,
Von der Etsch bis an den Belt,
 |: Deutschland, Deutschland über alles,
  Über alles in der Welt! :|

Германија, Германија над сè,
над сè во светот,
ако секогаш поради заштитата и одбраната,
се држи братски заедно.
Од Мас до Немен,
од Адиџе до Белт.
 |: Германија, Германија врз сè,
  врз сè во светот! :|

втора строфа

Deutsche Frauen, deutsche Treue,
Deutscher Wein und deutscher Sang
Sollen in der Welt behalten
Ihren alten schönen Klang,
Uns zu edler Tat begeistern
Unser ganzes Leben lang.
 |: Deutsche Frauen, deutsche Treue,
  Deutscher Wein und deutscher Sang! :|

Германските жени, германската верност,
германското вино и германската песна
нека во светот го задржат,
својот стар убав звук,
па, нека не инспирираат за благородни дела
во текот на целиот наш живот.
 |: Германските жени, германската верност,
  германското вино и германската песна! :|

трета строфа
(Германска химна)

Einigkeit und Recht und Freiheit
Für das deutsche Vaterland!
Danach laßt uns alle streben
Brüderlich mit Herz und Hand!
Einigkeit und Recht und Freiheit
Sind des Glückes Unterpfand;
 |: Blüh im Glanze dieses Glückes,
  Blühe, deutsches Vaterland. :|

Единство и правда и слобода
за германската татковина!
Сите да тежнееме кон тоа
братски, со срце и рака!
Единството и правдата и слободата
навистина се гаранција за среќата.
 |: Цветај во слава на таа среќа,
  цветај, германска татковино. :|

Наводи

уреди
  1. Historical Notes, DAS LIED DER DEUTSCHEN Deutschland, Deutschland ueber Alles..., www.brandenburghistorica.com