Dangerous (албум)

албум на Мајкл Џексон

„Dangerous“ е осмиот студиски албум на американскиот пејач Мајкл Џексон, издаден на 26 Ноември 1991. Тој е вториот по ред албум што дебитираше на првото место во Соединетите Американски Држави и тука остана наредните 4 недели. Во периодот од 17 години, албумот е продаден во околу 30 милиони копии ширум светот, од кои само во Соединетите Американски Држави е продадено околу 7 милиони, што го прави побрзо продаван албум од претходниот.

„„Dangerous““
Студиски албум од Мајкл Џексон
Издаден26 Ноември, 1991
Снимен25 Јуни, 1990–Октомври 29, 1991 во Океан веј студио и Рекорд ван студио
ЖанрР&Б, поп, рок
Траење76:58
Издавачка куќаЕпик рекордс
EK-45400
ПродуцентМајкл Џексон
Бил Ботрел
Теди Рилеј
Мајкл Џексон — Хронологија
Bad
(1987)
„Dangerous“
(1991)
„History“
(1995)
Издадени песни од Dangerous
  1. "Black or White"
    Издадена: 14 Ноември, 1991
  2. "Remember the Time"
    Издадена: 14 Јануари, 1992
  3. "In the Closet"
    Издадена: 20 Април, 1992
  4. "Jam (song)"
    Издадена: 13 Јули, 1992
  5. "Who Is It"
    Издадена: 31 Август, 1992
  6. "Heal the World"
    Издадена: 23 Ноември, 1992
  7. "Give In to Me"
    Издадена: 15 Февруари, 1993
  8. "Will You Be There"
    Издадена: 28 Јуни, 1993
  9. "Gone Too Soon"
    Издадена: 6 Декември, 1993

Снимањето на песните започна во Лос Анџелес, Калифорнија во студиото број два во компанијата Оушн Веј на 25 Јуни 1990 а снимањето е завршено на 29 Октомври 1991, што го прави најдолгиот музички проект во дотогашната кариера на Џексон(снимањето траеше 16 месеци со вообичаени шест месеци од неговите три студиски албуми). Во месец Март 1991, Џексон потпиша петнаесет годишен договор со Сони Мјузик со обрска да издаде 6 албуми. Весниците објавиле дека Џексон добил понуда од милијарда американски долари од страна на Сони што не било точно. Во тоа време, Сони изјави дека доколку Џексон го исполни она што Сони го барале ќе заработи околу милијарда долари. Договорот истекол во март 2006 година, Мајкл заработил 45 милиони од Сони(милион годишно плус пет милиони за секој издаден албум). Ова не ги вклучува парите кои биле заработени од продажбата на албумите, сингловите, спотовите. Под овај договор Џексон требало да заработи околу 175 милиони американски долари само од продажба на албумите.

Во тоа време, албумот веќе се снимал. Го продуцирале Теди Рајли и Бил Ботрел. Претходниот албум на Џексон бил последен дизајниран за индустријата на грамофонската плоча каде се наоѓале 10 песни во траење од 50 минути додека овај албум траел 77 минути. Од албумот биле готови 14 песни во деведесеттите. Албумот бил издаден на 2 грамофонси плочи во ЛП формат. Очекувањата на албумот биле многу големи сè додека група наоружани избегани затвореници украле 30 000 копии пред своето официјално издание.