„Daj šta daš“ (македонски: Дај што ќе дадеш) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот втор соло студиски албум Bižuterija (2011). Песната е издадена како третиот сингл од албумот во 2008 година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивал. Со оглед на нејзината популарност, песната исто така била додадена на сет листите на нејзините концерти и настапи во живо. Песната е исто така позната под името „Razbijači čaša“ (Разбивачи на чаши).