Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Daddy Cool е песна продуцирана и ко-напишана од Франк Фаријан, кој ја основал групата Boney M. за визуелно изведување на неговите песни на ТВ и додека бил на турнеи во дискотеки. Фаријан ги обезбеди и деловите за машки глас на плочата. Песната беше вклучена во нивниот деби албум Take the Heat off Me. Тоа беше хит од 1976 година и главен дел од диско музиката и стана првиот хит на Boney M. во Обединетото Кралство.

„Daddy Cool“
Сингл од Boney M.
од албумот Take the Heat off Me
Страна Б "No Woman, No Cry"
Издаден 31 мај, 1976
Жанр Диско
Должина 3:28
Издавачка куќа Hansa Records, Atlantic Records, Atco Records
Композитор Франк Фаријан, Џорџ Рејам
Продуцент Франк Фаријан
Хронологија на синглови на Boney M.
"Baby Do You Wanna Bump"
(1975)
"Daddy Cool"
(1976)
"Sunny"
(1976)

Вториот сингл на Boney M. беше издаден во 1976 година и на почетокот немаше големо влијание. По презентацијата на германската телевизија Musikladen во септември истата година, синглот стана хит, на врвот на неколку европски топ листи. Стигна на шестото место на топ листите во ОК и на 65-тото место на Билборд Хот 100 во САД. Тоа се покажа како главен европски пробив на бендот.

Табели и позиции

уреди
Листа (1976-1977) Топ позиција
 Холандија 3[1]
 Норвешка 1[2]
Нов Зеланд Нов Зеланд 15[3]
 Швајцарија 1[4]
 Шведска 1[5]
 САД 65[6]
 Австрија 1[7]

Наводи

уреди
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Daddy_Cool