DMX
Ерл Сајмонс (англ. Earl Simmons; 18 декември 1970 - 9 април 2021), професионално познат како DMX (транскрипција: Ди-ем-екс) ― американски рапер и глумец. Се смета за влијателна фигура во хип-хопот во доцните 1990-ти и раните 2000-ти,[4] а неговата музика се карактеризира со „агресивен“ стил на рапување[5] и со лирска содржина која варира од хардкор-тематика до молитви.[2][3]
DMX | |
---|---|
DMX во 2001 | |
Роден(а) | Ерл Сајмонс 18 декември 1970 Монт Вернон, Њујорк, САД |
Починал(а) | 9 април 2021 Вајт Плејнс, Њујорк, САД | (возр. 50)
Други имиња |
|
Занимање |
|
Активен период | 1985–2021 |
Сопружник | Ташера Сајмонс (в. 1999; раз. 2014) |
Деца | 15 |
Награди | Музичка кариера |
Потекло | Јонкерс, Њујорк, САД[1] |
Жанрови | |
Инструменти | Пеење |
Издавачи | |
Мреж. место | dmx.store |
Потпис |
Живот и кариера
уредиЕрл Сајмонс е роден на 18 декември 1970 година во Маунт Вернон, Њујорк.[6]
Како дете, Сајмонс бил подложен на физичко насилство од страна на неговата мајка и му била дијагностицирана бронхијална астма. [7] Тој бил Јеховин сведок. На десетгодишна возраст, поради насилството од мајка му бил испратен во групен дом. На петнаесетгодишна возраст се вратил во Јонкерс и спиел во празни канти за складирање и се спријателувал со кучиња-скитници.[8] Шворц, ограбил неколку студенти за да си најде храна и облека, како и кожна јакна и ремен за неговото милениче куче. Почнал да краде автомобили.[7]
DMX започнал со рапување во раните 1990-ти. По неуспешниот период додека бил под капа на Columbia Records, потпишал со Ruff Ryders Entertainment (заедничко вложување на Def Jam Recordings) и го издал неговиот прв студиски албум It's Dark и Hell Is Hot (1998). Албумот бил добро прифатен од критиката и од публиката, а го исфрлил синглот „Ruff Ryders Anthem“ кој се пласирал во топ-40 на Billboard Hot 100.[9][10] Ова бил прв од петте негови албуми кои последователно дебитирале на врвот на Билборд 200, а DMX станал прв изведувач во историјата на топ-листата со таков подвиг. Следувале албумите: Flesh of My Flesh, Blood of My Blood (1999) и „... ...“ (1999), кој станал негово најпродавано издание и бил поддржан од неговиот втор топ-40 сингл, „Party Up (Up in Here)“. По четвртиот албум, The Great Depression (2001) го издал и петтиот албум, Grand Champ (2003), чиј водечки сингл бил „Where the Hood At?“, а ја содржел и бонус-песната „X Gon Give It to Ya“.[11] Иако неговите следните изданија биле послабо прифатени од критиката и публиката, до 2021 година, DMX продал преку 75 милиони музички записи.[12]
DMX глумел во филмовите: Стомак (1998), заедно со Нас; Ромео мора да умре (2000) и Од лулка до гроб (2003), заедно со Џет Ли; Излезни рани (2001) и Над законот (2019), заедно со Стивен Сигал; и Последниот час (2008), заедно со Мајкл Медсен. Во 2006 година, глумел во реалити телевизиската серија DMX: Soul of a Man, која првенствено била емитувана на кабелската телевизиска мрежа БЕТ. Во 2003 година објавил книга со мемоари под наслов Е.А.Р.Л.: Автобиографијата на DMX.[13]
На 2 април 2021 година, Сајмонс бил пренесен во болница каде што било пријавено дека е во критична состојба по срцевиот удар во неговиот дом, најверојатно како резултат на предозирање со дрога.[14][15] Следниот ден, неговиот адвокат Мареј Ричман потврдил дека Сајмонс е на апарати за одржување во живот.[16][17][18]
Утрото на 9 април 2021 година, на Сајмонс му откажале повеќе основни органи, односно неговиот црн дроб, бубрези и бели дробови,[19] и набргу потоа бил прогласен за мртов. Официјална причина за смртта на Сајмонс била срцев удар.[20][21]
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- It's Dark and Hell Is Hot (1998)
- Flesh of My Flesh, Blood of My Blood (1998)
- ... And Then There Was X (1999)
- The Great Depression (2001)
- Grand Champ (2003)
- Year of the Dog... Again (2006)
- Undisputed (2012)
- Exodus (2021)
Наводи
уреди- ↑ Simmons, Earl; Fontaine, Smokey D. (2003), E.A.R.L.: The Autobiography of DMX, HarperCollins, стр. 7, ISBN 978-0-06-093403-3, Архивирано од изворникот January 7, 2024, Посетено на October 10, 2016 Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 Huey, Steve (June 12, 2007). „DMX Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот April 30, 2012. Посетено на January 7, 2024.
- ↑ 3,0 3,1 „How DMX found God“. Pitchfork. April 21, 2021. Архивирано од изворникот July 28, 2023. Посетено на September 14, 2023.
- ↑ Bey, Justin; Jones, Zoe Christen (April 9, 2021). „DMX, electrifying rapper who defined 2000s rap, dies at 50“. CBS News. Архивирано од изворникот на February 6, 2022. Посетено на August 10, 2022.
- ↑ Chow, Andrew R. (April 9, 2021). „How DMX's It's Dark and Hell Is Hot Changed the Course of Hip-Hop Forever“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на August 5, 2022. Посетено на August 10, 2022.
- ↑ Smith, Harrison (April 9, 2021). „DMX, chart-topping rapper with gruff voice and hardscrabble life, dies at 50“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на April 9, 2021. Посетено на April 11, 2021.
- ↑ 7,0 7,1 WEISS, JEFF (April 10, 2021). „DMX Turned Agony and Atomic Energy Into One of Rap's Most Titanic Legacies“. GQ. Архивирано од изворникот на April 14, 2021. Посетено на January 7, 2024.
- ↑ Chuck, Elizabeth (March 29, 2018). „DMX song played in court before rapper gets a year in prison for tax evasion“. NBC News. Архивирано од изворникот на April 11, 2021. Посетено на June 7, 2018.
- ↑ Birchmeier, Jason (May 12, 1998). „It's Dark and Hell Is Hot – DMX“. AllMusic. Архивирано од изворникот на February 4, 2021. Посетено на April 10, 2021.
- ↑ „50 Greatest MCs of Our Time (1987–2007)“. Liveabout. About.com. Архивирано од изворникот на May 31, 2020. Посетено на April 10, 2021.
- ↑ Carissimo, Justin; Jones, Zoe Christen (April 9, 2021). „DMX, electrifying rapper who defined 2000s rap, dies at 50“. CBS News. Архивирано од изворникот на April 15, 2021. Посетено на April 11, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Treisman, Rachel (April 4, 2021). „Rapper DMX On Life Support Following Heart Attack“. NPR. Архивирано од изворникот на April 4, 2021. Посетено на April 4, 2021.
- ↑ „Rapper DMX in hospital after heart attack“. BBC News. April 3, 2021. Архивирано од изворникот на April 3, 2021. Посетено на April 4, 2021.
- ↑ Collins, Dave; Landrum, Jonathan Jr. (April 3, 2021). „Rapper DMX on life support after heart attack, lawyer says“. Associated Press. Архивирано од изворникот на April 4, 2021. Посетено на April 3, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Hoell, Rob; Cook, Lauren; Pittman, Ava; Lepore, Stephen M. (April 3, 2021). „DMX hospitalized after heart attack amid reports of overdose: lawyer“. WPIX. Архивирано од изворникот на April 4, 2021. Посетено на April 4, 2021.
- ↑ „DMX's Organs Failing, Family Says He's In His Final Hours“. TMZ. April 9, 2021. Архивирано од изворникот на May 16, 2021. Посетено на April 14, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Bekiempis, Victoria (July 8, 2021). „DMX's Official Cause of Death Revealed“. Vulture.com. Архивирано од изворникот на October 6, 2021. Посетено на October 3, 2021.
Надворешни врски
уреди- DMX discography at Discogs
- DMX на Семрежната филмска база на податоци (англиски)