DjVu

(Пренасочено од DJVU)

DjVu (се чита: „дежа ви“) е податотечен формат предвиден за отсликани (скенирани) документи, особено онакви што содржат комбинација од текст, графички прикази и фотографии. Користи технологии како раслојување на текстот од позадината и сликите, прогресивно вчитување, аритметичко кодирање и загубно збивање за двотонски (монохромни) слики. Ова овозможува висококвалитетни читливи слики во минимална зафатнина, погодни за на интернет.

DjVu
Наставка.djvu, .djv
MIME-типimage/vnd.djvu,image/x-djvu
Типски кодDJVU
ТворецAT&T Labs - Reearch
Прва верзија1998
Најнова верзијаВерзија 27[1] / јули 2006
Тип на форматграфички
Отворен формат?DjVuLibre
Мреж. местоhttp://www.djvu.org/

DjVu се промовира како алтернатива на форматот PDF,[2] давајќи помали податотеки од PDF кај највеќето отсликани документи. Развивачите на DjVu изјавуваат[3] дека една страница од списание во боја се збива до 40–70 кБ, црно-белите технички документи до 15–40 кБ, а стари ракописи се збиваат до 100 кБ. Една JPEG-слика со задоволителен квалитет зафаќа околу 500 кБ. Како и PDF, DjVu може да содржи текстуален слој со оптички-препознаени букви и знаци, што овозможува лесно прекопирање на текстот и негово пребарување.

На страницата djvu.org се нудат бесплатни приклучоци за прелистувачи и прегледувачи за работната површина. DjVu го поддржуваат повеќеформатни прегледувачи/обработувачи на документи и читачи на е-книги што работат со програми на Linux (Okular, Evince), Android (VuDroid) и iPhone/iPad (Stanza).

Историја

уреди

Технологијата Djvu е дело[3] на Јан Ле Кин, Леон Моту, Патрик Хафнер и Пол Хауард, кои ја разработувале во AT&T Labs од 1996 до 2001 г.

Некои независни стручњаци (како Брустер Кејл[4]) веќе подолго време го сметаат овој формат за подобар од форматот PDF поради повисоката стапка на збивање (па така и помала зафатнина), големиот капацитет на претворање текст во Djvu формат и фактот што ова е отворен формат. Djvu наоѓа широка примена во економските сектори, иако форматот PDF и понатаму е пораспространет.

Release history

уреди

Библиотеката на DjVu која се содржи во редовниот програмски пакет DjVuLibre игра улога на меродавна примена на форматот. DjVuLibre го одржуваат и подновуваат самите творци на DjVu уште од 2002 г.

Форматот DjVu претрпел повеќе измени на техничките својства во разните верзии:

Верзија Објавена Белешки
1 - 19[1] 1996–1999 Развојни верзии во лабораторијата на AT&T пред форматот да биде продаден на LizardTech.
Верзија 20 [1] април 1999 DjVu верзија 3. DjVu станува повеќестраничен формат.
Верзија 21[1] септември 1999 Заменет форматот за посредно складирање. Додаден пребарливиот текстуален слој.
Верзија 22[1] април 2001 Воведена насоченост на страницата, JB2 во боја
Верзија 23[1] јули 2002 Воведено CID
Верзија 24[1] февруари 2003 Воведено LTAnno
Верзија 25[1] мај 2003 Воведено NAVM. Додадена поддршка за обележувачи (кратки прегледи). Направените промени во верзиите 23 и 24 се отфрлени како застарени.
Верзија 26[1] април 2005 Воведени прибелешки во текст / редови
Верзија 27[1] јули 2006 Воведена поддршка за „SDjVu“ (безбедно DjVu).
Толкување
Црвено Стар стандард - нема поддршка
Жолто Стар стандард - сè уште поддржан
Зелено Тековен стандард

Збивање

уреди

DjVu дели една слика на голем број различни слики, а потоа ја збива (компримира) секоја посебно. При создавањето на DjVu-податотеката, првичната слика најпрвин се дели на три слики: задна, предна и маска. Задната и предната се во боја и со пониска резолуција (на пр. 100 dpi). Маската е двосјлојна со висока резолуција (на пр. 300 dpi) и во неа се складира текстот. Потоа задната и предната се збиваат со алгоритам на основа на бранчиња наречен IW44[3]. Маската се збива со методот наречен JB2 (сличен на JBIG2). Методот на шифрирање JB2 препознава речиси истоветни облици на страницата, како повеќекратно јавување на извесен знак во рамките на даден фонт, стил или големина. Потоа една по друга ги збива битовите распореди на секој посебен знак, а потоа ги шифрира местата кајшто секој облик се јавува на страницата. Така, наместо повеќепати да ја набие буквата „e“ во рамките на даден фонт, ја збива само еднаш (како набиена битова слика), а потоа го секое место кајшто таа се јавува.

Постои можност овие облици да се пресликаат со ASCII-кодови (рачно или можеби со систем за препознавање на текст) и да се складираат во самата DjVu-податотека. Ако постои ова пресликување, тогаш текстот може да се избира и копира.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Верзија на податотечниот формат DjVu Архивирано на 22 јуни 2017 г. од Џим Рајл, 23 февруари 2007 - PlanetDjVu (англиски)
  2. „Што е DjVu - DjVu.org“. DjVu.org. Архивирано од изворникот на 2019-01-21. Посетено на 5 март 2009. (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 Леон Боту, Патрик Хафнер, Пол Хауард, Патрис Симар, Јошуа Бенџо и Јан Ле Кин (1998). „Висококвалитетно збивање на слики од документи со DjVu, 7(3):410-425“ (PDF). Journal of Electronic Imaging. Наводот journal бара |journal= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Брустер Кејл (16 декември 2004). „Сеопшт пристап до сето знаење“ (аудио - говор од 1 ч. и 38 мин.). Conversations Network. (англиски)

Надворешни врски

уреди
  • DjVu.org - матично мреж. место (англиски)
  • DjVuLibre - прегледувачи и збивачи за разни подлоги (отворен код) (англиски)
  • WinDjView: DjVu-прегледувач за Windows и Mac (англиски)
  • MiniDjVu: DjVu-збивач за Linux/Unix и Windows (англиски)