Жаба голијат

(Пренасочено од Conraua goliath)
Жаба голијат
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Amphibia
Ред: Anura
Семејство: Ranidae
Род: Conraua
Вид: C. goliath
Научен назив
Conraua goliath
(Boulenger, 1906)

Жаба голијат (науч. Conraua goliath) — најголемата жаба на светот.[1] Може да порасне до 33 см во должина и тежи околу 3 кг.[1] Ова животно е со екстремно мал биотоп, најмногу е распространето во Западна Африка (близу Габон). Популацијата на жабата голијат се намалува поради уништувањето на животната средина и поради нивниот лов за домашни миленици.

Опис

уреди

Во 15 примероци, нивната просечна маса е помеѓу 600 грама и 3250 грама, а должината помеѓу 17 и 32 см. Нивните очи можат да бидат до 2,5 см во пречник. Пречникот на тимпанумот (систем на сетилни органи за слушање кај жабите и инсекти) изнесува 0,5 см и е одвоен од окото за 5 см. Тие можат да слушаат, но немаат вокална торбичка.

Живеалиште

уреди

Жабата голијат се наоѓа во и покрај брзите реки со песочливи корита во Западна Африка.[2] Овие реки се чисти и полни со кислород. Системите на реки каде што овие жаби живеат се често густи влажни области со високи температури.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Amiet, 2004
  2. Sabater-Pi, J. (1985). "Contribution to the biology of the Giant Frog (Conraua goliath, Boulenger)". Amphibia-Reptilia 6 (1): 143–153.

Надворешни врски

уреди
  • Conraua goliath. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 мај 2006.

Поврзано

уреди