Белешки за Галската војна
Белешки за Галската војна (латински: Commentarii de bello Gallico) — текст што во 50-те и 40-те години п.н.е. го напишал римскиот воjсководец и државник Гај Јулиј Цезар за да го опише сопственото освојување на Галија — Галската војна.
Издание од XVIII век | |
Автор | Гај Јулиј Цезар, Авел Хирциј (VIII) |
---|---|
Изворен наслов | Commentarii de bello Gallico |
Јазик | класичен латински |
Предмет(и) | историја, етнографија, воена историја |
Жанр | публицистика |
Издавач | Гај Јулиј Цезар |
Издадена | 50-та и 40-та п.н.е.? |
Следна | Commentarii de Bello Civili |
Технички опис
уредиТекстот се состои од осум книги[1] и е напишан во трето лице. Се смета за едно од најпознатите и најцитираните дела на римската книжевност, односно како најпознати воени мемоари во историјата на човештвото. Поради елегантниот, но едноставен прозен стил, „Белешки за Галската војна“ со векови се користи во образовни цели, односно за што полесно запознавање на учениците со латинскиот јазик.
Мотив за пишување
уредиИако главен мотив за пишување на Цезар му била политичката пропаганда, односно настојувањето да ги оправда своите постапки во Галија пред римската јавност и да се пофали со своите спектакуларни воени успеси, пва дечп се смета за еден од највредните пишани извори за античката историја, особено кога во прашање се подрачјата на северозападна Европа. Цезар е првиот автор кој детално ги опишал тамошните народи и нивниот начин на живеење, а неговата книга е единствениот колку-толку веродостоен извор за предримска Галија, односно со овие текстови започнува и пишуваната историја на Британија. Исто така, книгата се смета за една од првите етнолошки студии во историјата.
Се претпоставува дека Цезар не ја довршил книгата сам, односно дека поради зафатеност со граѓанската војна, напишал само седум книги; осмата ја довршил неговиот помошник Авел Хирциј.
Надворешни врски
уреди- Perseus Project: Caesar's Gallic War- De Bello Gallico, English translation by W. A. McDevitte and W. S. Bohn (1869); Latin text edition.
- Во Проект Гутенберг:
- Caesar's Commentaries (THE WAR IN GAUL - THE CIVIL WAR), English translation by W. A. MACDEVITT, introduction by THOMAS DE QUINCEY (1915).
- De Bello Gallico (Books I-IV), Latin text edition.
- "The Gallic Wars By Julius Caesar Архивирано на 26 септември 2011 г." (страницата има врски кон осумте книги), translated by W.A. McDevitte and W.S. Bohn (1869), Classics.MIT.edu, 2009.
- "C. IVLI CAESARIS COMMENTARIORVM DE BELLO" (Latin only), TheLatinLibrary.com, 2008.