Мадагаскарски пигмејски нилски коњ

(Пренасочено од Choeropsis madagascariensis)
Мадагаскарски пигмејски нилски коњ
скелет на Hippopotamus madagascariensis и череп на H. amphibius
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Надред: Cetartiodactyla
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Род: Choeropsis
Научен назив
Choeropsis madagascariensis

Мадагаскарскиот пигмејски нилски коњ (Choeropsis madagascariensis) е вид кој првично бил ставен во родот hippopotamus заедно со H. lemerlei, со кои имаат слична големина. После дополнителни истражување на морфологијата и на живеалиштето, докажано е дека овој вид е поблизок до пигмејскиот нилски коњ (Choeropsis liberiensis).

Како и денешниот пигмејски нилски коњ, и овој вид слична поставеност на очите и слични заби. Се смета дека не поминувал премногу време во вода (како обичниот нилски коњ) поради многубројните фосили најдени длабоко во шумите на Мадагаскар[1].

Еволуција и класификација

уреди

Фосили на двата вида на нилски коњи кои живееле на Мадагаскар покажуваат дека тие биле адаптирани за трчање низ шумите, што е адаптација поразлична од нилските коњи на африканскиот континент. Поради овие сличности се смета дека и двата вида потекнуваат од ист предок, а сличноста со денешните обични и пегмејски нилски коњ е резултат на паралелна еволуција [2].

Во 1849 година Мортон ги класифицирал овие животни во родот Choeropsis заедно со пигмејскиот нилски коњ, потоа во 1977 биле преместени во родот Hexaprotodon[3] заедно со фосилните видови од Азија. После дополнителните истражувања е откриена е разлика помеѓу пигмејските и азиските нилски коњи, поради што првите се повторно префрлени во родот Choeropsis [4].

Овие нилски коњи живееле во шумите на островот Мадагаскар, но сѐ уште е непознато до кога биле присутни на островот. Најновите истражувања со јаглерод покажуваат дека фосилите датираат од 1000тата година од новата ера[5]. Макфи и Флеминг во 1999 базирајќи се на усни преданија, предлагаат дека и можно нилски коњи да биле присутни и многу подоцна.

Можни причини за истребување

уреди

Островските нилски коњи се смета дека биле лесен плен на човекот, што може да довело до нивно истребување. Мекфи и Барни во 1991 откриле докази за огромни гробници на нилски коњи во југозападен Мадагаскар кои датираат од првиот век од новата ера. Одтука се претпоставува дека на островот, човекот и нилските коњи живееле заедно најмалку 1000 години. Колку големо влијание имал човекот врз изумирањето на овие животни сѐ уште не е со сигурност утврдено.

Наводи

уреди
  1. Tyson, Peter (2000). The Eighth Continent; Life, Death and Discovery in the Lost World of Madagascar. New York: William Morrow. ISBN 0380975777.
  2. Eltringham, S.K. (1999). The Hippos. Poyser Natural History Series. London: Academic Press. ISBN 085661131X.
  3. Coryndon (1977). „The taxonomy and nomenclature of the Hippopotamidae (Mammalia, Artiodactyla) and a description of two new fossil species“. Proceedings of the Koninklijke Nederlandse Akademie van Wetenschappen. 80 (2): 61–88.
  4. Boisserie, Jean-Renaud (2005). „The phylogeny and taxonomy of Hippopotamidae (Mammalia: Artiodactyla): a review based on morphology and cladistic analysis“. Zoological Journal of the Linnean Society. 143: 1–26. doi:10.1111/j.1096-3642.2004.00138.x. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 2007-06-01.
  5. Dewar 1984; Burney et al. 2004

Надворешни врски

уреди