Бил Каулиц

(Пренасочено од Bill Kaulitz)
Бил Каулиц
Животописни податоци
Родено имеБил Каулиц
Роден(а)1 септември 1989
ПотеклоЗнаме на Германија Германија
Жанровиrock
Занимањапејач
Инструментивокал
Период на активност2001 – сѐ уште
ИздавачиUniversal Music

Бил и Том Каулиц

уреди

Бил Каулиц и неговиот идентичен брат близнак Том Каулиц, се родени на 1 септември 1989 година, во Лајпциг, Германска Демократска Република. Том е постариот за 10 минути. И покрај тоа што се идентични близнаци, нивниот надворешен изглед е различен, бидејќи тие имаат различен стил на облекување. Бидејќи се еднојајчни близнаци, Бил и Том често биле мешани во детството. Додека биле во детска градинка носеле маици со нивните имиња испишани на нив, кои многу често ги разменувале и ги збунувале другите. Во денешно време близнаците повеќе не можат да бидат обркани, поради доста различниот стил.

Тие се популарни германски рок ѕвезди, најдобро познати по тоа што се во бендот Токио Хотел во кој Бил пее главен вокал, а Том свири гитара (Gibson Les Paul).

Нивните родители, Симон и Јорг Каулиц, се развеле кога децата имале 7 години и Симон се омажила за Гордон Трумер, тоа е и причината поради која на близнаците им е давано презимето Каулиц-Трумпер. Со Гордон, кој е исто така гитарист во група, близнаците имале силно музичко влијание уште од рана возраст.

Бил Каулиц

уреди
 
Bill Kaulitz

Бил Каулиц е роден на 1 септември, 1989 година во Лајпциг (Лојтче) на Симон И Јорг Каулиц. Тој е многу позната германска поп-рок ѕвезда, најдобро познат по тоа што е во групата Токио Хотел (бившо позната како Devilish - Ѓаволски). Бил пее главен вокал и пишува песни. Тој има еден брат близнак Том кого го сака многу.

Бил Каулиц е роден син на Симон и Јорг Каулиц. Неговиот втор татко (Гордон Трумпер) имал големо влијание врз него и врз неговиот музички стил, бидејќи и самиот тој е гитарист во група. Неговиот брат близнак - Том Каулиц е гитарист во Токио Хотел и е роден 10 минути пред него. Уште од деца двајца ги привлекувала музиката, вториот татко ги инспирирал и ги поттикнал усилено кон музиката. Кога бил дете Бил ја имал истата коса како Том, но сега се потстрижал и ја бојадисал во црно. Бил е висок 1,83 m и тежи 50 килограми. Бил се плаши од живата природа и затоа вели „Никогаш не би отишол на палатка“.

Карактер

уреди

На прв поглед дејстува луд, но е многу искрен, пријателски, мошне говорлив, амбициозен, чувстлителен и романтичен тип. Се опишува себе голем егосит и „внатрешен човек“ (германски: "Drinni"), бидејќи тој би безделничел во куќата наместо да излезе на свеж воздух, но сепак квалитетот што го сака најмногу во себе е надежта. Тој не е многу љубопитен. Бил вели дека понекогаш може да биде суетен. Тој е мозокот на Токио Хотел и повеќето од идеите се негови. Бил е многу осетлив и по малку срамежлив. Тој вели дека не може да танцува, наместо тоа седи во ќошот и набљудува што прават другите. Тој е тотално не спортски тип, признава дека би го преспал целиот живот, ако има шанса.

Бил многу ги сака животните особено Скоти, микс меѓу лабрадор и доберман, кој го зеле од сиропиталиште пред четири години, исто така има и мачка Красимир. Мрази џебни кучиња како она на Парис Хилтон и побеснува кога некој малтретира животни. Повеќето од своето време го поминува со брат си Том, пеејќи и играјќи со своите домашни љубимци и видеоигри.

Бил е многу интелигентен, па затоа почнал да пишува песни уште кога бил седум години. Неговото хоби е пееше и одеше по забави. Кога бил мал сакал да биде вештерка, иако се плашел од нив и често му се причинувало дека ги гледа во својот кош со играчки.

Некои лични податоци за Каулиц

уреди
  • Име: Бил Каулиц
  • Датум и место на раѓање: 01.09.89, Лајпциг
  • Националност: Германец
  • Браќа и Сестри: брат-близнак Том
  • Место на живеење: Магдебург/Хамбург
  • Хороскопски знак: девица
  • Висина: 1.75 м
  • Тежина: 52 кг
  • Боја на очи/коса: кафеави/темносина, но ја фарба во црна
  • Интереси: музика и забава
  • Омилено јадење: пица, хамбургер и сутлијаш
  • Омилен пијалак: Ред бул и Кока кола
  • Тетоважи и пирсови: Еден пирс на десната веѓа и еден на јазикот,на вратот го има истетовирано логото на TOKIO HOTEL, на раката има истетовирано „Freiheit 89“ што значи „Слобода 89“ и на десната страна од предната страна на половината има истетовирано ѕвезда
  • Желба: Забава и слобода
  • Животно Мото: Живеј ја секоја секунда!!!

Стил

уреди

Бил е познат по неговиот андроген изглед. Негова омилена боја е портокаловата и често носи црни палта, рок ластици и накит Gothic, како и темна сенка и шминка. Од неодамна ја има бојадисано својата коса црно со руси прамени и ја направи во заострен и вуломинозен стил. Бил исто така има три тетоважи логото на Токио Хотел на неговиот врат, ѕвезда на десната страна на стомакот, и елегантен напис на неговата лева подлактица "Freiheit 89" (што значи "Слобода89" упатено кон неговата година на раѓање). На неговиот јазик и десна веѓа има пиерси. Бил Каулиц не пуши, и многу ретко пие. И покрај многуте гласини, Бил тврди дека тој НЕ Е геј.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди