Бенетон (групација)

(Пренасочено од Benetton Group)

Групацијата Бенетон С.п.А[1] е глобален луксузен моден бренд, со седиште во Тревизо, Италија. Името доаѓа од семејството Бенетон кое ја основало компанијата во 1965 година. Групацијата Бенетон е регистрирана во Милано (BIT: BEN). Бенетон има мрежа од околу 6.000 продавници во 120 држави. Продавниците се управувани од страна на независни партнери и генерираат вкупен промет од над 2 милијарди евра.[2]

Benetton Group
ВидЈавна (BIT: BEN)
ДејностМода
Основано1965
ОсновачБенетон Уреди на Википодатоците
СедиштеИталија Понцано Венето, Италија
Клучни личности
Луцијано Бенетон, Директор
Карло Бенетон, Заменик директор
Алесандро Бенетон, Executive Deputy Chairman
Франко Фурно и Биаџо Кјароланца, delegating operative management of the company
Џулијана Бенетон, Director
Гилберто Бенетон, Director
ПроизводиОблека, додатоци и обувки
Доход2,049 милион евра (2009)
Вработени
9,511 (2009)
Мреж. местоbenettongroup.com

Рани години

уреди

Во 1965 година, Лучано Бенетон, најстариот од четирите деца, бил 30-годишен продавач во Тревизо. Видел пазар за шарени алишта и го продал велосипедот на својот помлад брат, со цел да ја купи својата прва половна машина за плетење. Неговата почетна мала колекција на џемпери доби позитивен одговор во локалните продавници во регионот Венето, а наскоро потоа ги прашал неговата сестра и двајца помлади браќа, Жилберто и Карло да му се придружат. Во 1965 година, субјектот познат како „Бенетон груп“ е формиран.[3]

Во 1966 година, Бенетон ја отвори својата прва продавница во Белуно, а три години потоа во Париз, со Лучано како претседател, неговиот брат Жилберто на чело на администрацијата, нивниот помлад брат Карло го водел производство и Џулијана како главен дизајнер.

Брендови

уреди

Основната дејност на компанијата и понатаму останува нивните линии на облека. Секојдневната облека се продава како „Обединетите бои на Бенетон“, исто така има и модно ориентирана поделба на „Sisley“, „Playlife“ лежерна облека. Нивните производи вклучуваат женска облека, машка облека, детска облека и долна облека и тие се проширија во прибор за лична хигиена, парфеми и предмети за домашна употреба, како што се кујнски додатоци и бебешки производи.

 
Обединетите бои на Бенетон во Прага, Чешка

Групацијата произведува повеќе од 150 милиони облека секоја година и има мрежа од околу 6.000 современи продавници низ целиот свет.[2]

 
Обединетите бои на Бенетон во Белград, Србија

Производство

уреди

Со над 9.000 вработени,[4] Бенетон има развиено мрежа од мали добавувачи кои склопуваат договори во северниот италијански регион околу Тревизо.

Маркетинг

уреди

Компанијата е позната по спонзорството на голем број спортови и провокативната и оригинална кампања „Обединети бои“. Второспоменатата настанува кога на фотографот Oliviero Toscani му беа дадени одврзани раце од страна на раководството на Бенетон. Под водство на Toscani, беа создадени реклами што содржат зачудувачки слики кои не се поврзани со било кои вистински производи кои се продаваат од страна на компанијата.

Овие графички реклами со големина на билборд, вклучуваат слики на најразлични потресни теми, од кои една вклучува сцена на човек на смртна постела кој умира од СИДА (СИДА активистот, Дејвид Кирби).[5] Во друга реклама ,имаше вклучено крваво, неизмиено новороденче со сè уште закачена папочна врвца, која беше многу контроверзна. Оваа реклама по нејзиното објавување во 1991 година поттикна повеќе од 800 жалби упатени до британската власт за рекламни стандарди во текот на 1991 година и за неа беше пишувано во референтната Гинисова книга на рекорди во 2000 година, како „најконтроверзна кампања“. Во други имаа вклучено парење на црн коњ со бел коњ, фотографии направени од близу од тетоважи на телата на мажи и жени на кои пишувало „ХИВ-позитивен“, гробишта со многу крстови – како споменици, колаж кој се состои од гениталиите на лица од различни раси, свештеник и калуѓерка вклучени во романтичен бакнеж,слики од затвореници осудени на смртна казна со електричен стол, реклама во која едно момче е со коса која е обликувана во рогови, со три различни срца со „црна“, „белa“, и „жолта“ напишана на нив (од март 1996 година) и слика од крвава маица и панталони изрешетени од куршуми од војник убиен во војната во Босна (оваа реклама беше објавена во февруари 1994 година).[6] Логото на компанијата беше единствениот текст кој ги придружуваше сликите во повеќето од овие реклами. На најголемиот дел од рекламите, иако не на сите, се гледа обична бела позадина зад сликата.

Спорт и Спонзорства

уреди

Групацијата Бенетон влезе во Формула Еден како покровител на Тирел во 1983 година, потоа на Алфа Ромео во 1984 година; овој аранжман беше продолжен и за Алфа и за Толеман во 1985 година. Бенетон Формула лтд. беше формирана на крајот од 1985 година кога екипите Толеман и Спирит беа продадени на фамилијата Бенетон. Тимот го доживеа својот најголем успех под раководство на Флавио Бријаторе, кој управувал со тимот од 1990 до 1997 година. Михаел Шумахер за првпат стана шампион во 1994 и 1995 година, а тимот ја освои нивната единствена конструкторска титула во 1995 година. Од 1996 година,тимот се натпреваруваше под италијанска лиценца, иако беше со седиште, исто како Толеман, во Оксфордшир во Англија. Тимот беше купен од страна на Рено за 120 милиони долари во 2000 година и беше преименуван во Рено Ф1.

Во 1979 година, Бенетон за првпат го спонзорирал нивниот (тогаш аматерски) локален рагби тим, А.С Рагби Тревисо. Бенетон Рагби оттогаш стана една од најголемите сили во италијанската рагби лига, со 11 титули во лигата и обезбедуваат многу играчи во репрезентацијата.[7]

Во 1982 година, компанијата го купи својот локален кошаркарски тим, Палаканестро Тревисо, сега познат како Бенетон Баскет. Нивниот бренд Сисли е спонзор на локалниот одбојкарски тим, Сисли Волеј Тревисо.

Критики

уреди

Бенетон се соочи со критики од страна на Мапуче организациите, во текот на купувањето на традиционалното Мапуче земјиште во Патагонија.[8] Curiñanco -Nahuelquir семејството беше избркано од својата земја во 2002 година по барање на Бенетон, но беше вратено во 2007 година.[9]

И понатаму ја следи позицијата на Бенетон во однос на Мапуче во Патагонија.[10]

Бенетон предизвика сомневање, кога размислувале за користење RFID чипови за следење на облеката и залихите. Мрежното место кое го бојкотираше проектот обвини дека чиповите за следење „може да се читаат од далеку и да се користат за следење на луѓето кои се облечени во нив.“ Прашањата за приватноста на потрошувачите беа покренати и планот беше прекинат.

ПЕТА започна бојкот кампања против Бенетон за купување на волна од земјоделци кои практикуваат мазги. Бенетон од тогаш се согласи да не купува волна од мазги и уште повеќе да поттикне волнената индустрија да ја прифатат ПЕТА и договорот на австралиското здружение на одгледувачи на волна за прекин на употреба на волна од мазги.[11]

Продажбата на брендовите

уреди
 
Обединетите бои на Бенетон во Гетинген, Германија

Бенетон остварил 967 000 000 евра од продажбата на својот бренд „Обединети бои на Бенетон за возрасни“ што е 51% од вкупната продажба во 2009 година. Другите 31% од продажбата се постигнати преку продажба на брендот „Обединети бои на Бенетон за деца“ која е 601 000 000 евра. Третиот најголем процент од 16%, односно 300 000 000 евра заработи на „Сисли“ бренд. Од „Playlife“ брендот заработил 37 000 000 евра.[12]

Фабрика

уреди

Од 1994 година, Бенетон групацијата го финансира комуникацискиот истражувачки центар во Тревизо. Центарот има за цел да ја комбинираат индустријата и културата која им нуди на младите луѓе можност за креативен раст и мултикултурна размена. Центарот прифаќа млади луѓе од целиот свет, а неговата база е обновена и проширена од Тадао Андо (Tadao Ando).

Младите уметници и дизајнери се поканети во центарот и им се дава едно-годишна студија заедно со професионална обука и ресурси. Стажантите работат во областа на дизајнот, визуелните комуникации, фотографијата, интеракцијата, видеото, музиката и издавачката дејност под раководство на експерти.

Наводи

уреди
  1. „DOP“. Архивирано од изворникот на 2018-07-11. Посетено на 2011-06-01.
  2. 2,0 2,1 „About Benetton“. Benetton Group 2010. Архивирано од изворникот на 2011-11-29. Посетено на May 5, 2010.
  3. Timeline of the Benetton Group Архивирано на 3 септември 2009 г. Benetton Group Official Webpage
  4. Benetton Group - Investor Relations - FAQs[мртва врска]
  5. „The Photo That Brought AIDS Home“. Архивирано од изворникот на 2010-12-28. Посетено на 2010-07-22.
  6. „Benetton-Bosnian Soldier Home“. Архивирано од изворникот на 2011-05-25. Посетено на 2010-07-22.
  7. „Benetton Rugby - Storia“. Архивирано од изворникот на 2008-04-14. Посетено на 2008-04-07. (италијански)
  8. „The Invisible Colours of Benetton - Campaign“. Посетено на 2008-04-07.
  9. „Recovered Mapuche territory in Patagonia: Benetton vs. Mapuche“. MAPU Association. Архивирано од изворникот на 2012-09-08. Посетено на 2008-04-07.
  10. „Benetton's position regarding the Mapuche in Patagonia“. Архивирано од изворникот на 2009-06-25. Посетено на 2011-06-01.
  11. „Campaign ends“. PETA Save the Sheep! campaign. Архивирано од изворникот на 2005-11-06. Посетено на 2008-04-07.
  12. „Investor Relations Highlights“. Benetton Group. May 5, 2010. Посетено на May 5, 2010.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди