Behind the Sun е албум на англискиот гитарист Ерик Клептон. Името на албумот произлегува од стих од „Louisiana Blues“ на Алберт Кинг. Албумот, исто така, е и првата соработка на Клептон со Фил Колинс. Често опишуван како „повратен албум“, тој достигнал високи позиции во Обединетото Кралство и во САД. По отприлика една декада од Клептоновото повлекување како главен гитарист овој албум вклучува едни од неговите најдобри свирења на гитара од времето на бендот „Cream“ во 1960-тите. Синглот „Forever Man“ вклучува одлично соло отсвирено од Клептон. Исто така, албумот е „нашминкан“ со синтисајзери и драм машини отсвирени од Фил Колинс, Тед Темплимен, Питер Робинсон, Мајкл Омертиан, Џејмс Њутон Ховард, Крис Стеинтон и Грег Филингенис како и Клептоновиот гитарски синтисајзер на 9-та песна, односно „Never Make You Cry“. Басистите Доналд Дак и Натан Ист, исто така, свират на албумот.
Во неговата автобиографија, Клептон со задоволство се потсеќа на сесиите од 1984: „Работата во целост се движеше совршено, се надевам никогаш нема да престане“. Како и да е, неговиот проблематичен брак со Пити Боид станал тема на повеќето од оригиналниот материјал, односно „She's Waiting“, „Same Old Blues“ и „Like a Prisoner“ сите овие содржат проширени сола на Клептон. Албумот е сниман во периодот кога Пити го напуштила. Својата болка, најмногу ја пренел во пишувањето на песната „Behind the Sun“ каде што се вклучена само неговата гитара и вокал, а синтисајзерот е отсвирен од Фил Колинс, песна која го обележала крајот на албумот.
- „She's Waiting“ – 4:55 (Клептон, Питер Робинсон)
- „See What Love Can Do“ – 3:58 (Џери Лин Вилјамс)
- „Same Old Blues“ – 8:15 (Клептон)
- „Knock on Wood“ – 3:19 (Еди Флоид, Стиви Кропер)
- „Something's Happening“ – 3:23 (Џери Лин Вилјамс)
- „Forever Man“ – 3:13 (Џери Лин Вилјамс)
- „It All Depends“ – 5:05 (Клептон)
- „Tangled In Love“ – 4:11 (Марчела Детроит, Ричард Филдмен)
- „Never Make You Cry“ – 6:06 (Клептон, Фил Колинс)
- „Just Like A Prisoner“ – 5:29 (Клептон)
- „Behind The Sun“ – 2:13 (Клептон)
- „Loving Your Lovin'“ - издадена на Wayne's World како песна за филм
- „Heaven Is One Step Away“ - издадена на Back to the Future како песна за филм, а подоцна и на „Crossroads Box Set“
- „Too Bad“ - издадена на Crossroads Box Set
- „Jailbait“ - издадена како Б-страна на синглот She's Waiting
- „You Don't Know Like I Know“ - издадена само во Австралија
- „One Jump Ahead of the Storm“ - не е издадена
- Ерик Клептон - гитари, вокали и гитарски синтисајзер
- Линдзи Бакингем - гитара
- Фил Колинс -синтисајзер, удиралки, тапани, следечки вокал
- Џејмс Њутон Ховард - синтисајзер
- Питер Менинг Робинсон - синтисајзер
- Мерси Леви - следечки вокал
- Џери Вилјамс - следечки вокал
- Лени Кастро - удиралки
- Реи Купер - удиралки
- Доналд Дан - бас гитара
- Натан Ист - бас гитара, следечки вокал
- Ли Хершберг - инженер
- Ник Лунеи - инженер
- Стиви Лукатер - гитара
- Шон Марфи - следечки вокал
- Мајкл Омертеин - синтисајзер
- Џими Олдакер - тапани, следечки вокал
- Џеф Поркаро - тапани
- Грег Филингенис - синтисајзер, следечки вокал
- Џон Робинсон - тапани
- Питер Робинсон - синтисајзер
- Крис Стеинтон - синтисајзер, пијано, хамонд
- Тед Темплимен - удиралки
Највисоки позиции на музичките листи
уреди
Албум – Билборд (Северна Америка)
Година
|
Листа
|
Позиција
|
1985
|
The Billboard 200
|
34
|
Синглови – Билворд (Северна Америка)
Година
|
Сингл
|
Листа
|
Позиција
|
1985
|
„Forever Man“
|
Mainstream Rock Tracks
|
1
|
1985
|
„Forever Man“
|
Billboard Hot 100
|
26
|
1985
|
„See What Love Can Do“
|
Mainstream Rock Tracks
|
20
|
1985
|
„See What Love Can Do“
|
Billboard Hot 100
|
89
|
1985
|
„She's Waiting“
|
Mainstream Rock Tracks
|
11
|