Baccara

шпанско женско диско-дуо

Бакара (шпански: Baccara) ― шпанско женско дуо основано во 1977 година. Членови на групата биле пејачките Мајте Матеос (родена на 7 февруари 1951) и Марија Мендиола (4 април 1952 - 11 септември 2021).[1] Името го презеле од бакара, сорта рози.

Baccara
Baccara (Мајте Матеос и Марија Мендиола)
Животописни податоци
Познат(а) и какоNew Baccara, Baccara 2000
ПотеклоМадрид, Шпанија
Жанрови
Период на активност1977–1981
ИздавачиRCA
Мреж. местоhttps://www.Baccara-Oficial.com

Дуото се стекнало со голема популарност во Европа по објавувањето на нивниот прв сингл „Yes Sir, I Can Boogie“, кој се искачил на прво место на топ-листите низ поголемиот дел од Европа и со продадени над 16 милиони примероци станал најпродаван сингл од женска група на сите времиња.[2] Други нивни популарни песни биле: „Sorry, I’m a Lady“ (август 1977) и „The Devil Sent You to Lorado“ (ноември 1978). Поради успехот на нивните синглови и нивната популарност во Европа во тоа време, дуото било избрано да го претставува Луксембург на Евровизија во 1978 година. Настапиле со песната „Parlez-vous français?“ и завршиле на седмо место.

И покрај големиот број обожаватели кои групата ги имала во Шпанија, Германија и Јапонија; нивната музика која била спој на диско, поп и шпанска народна музика во 1981 година повеќе не била во мода. По правни спорови, Матеос и Мендиола се разделиле во 1981 година. Во 1983 година, Матеос и Мендиола основале свои групи.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • 1977: Baccara
  • 1978: Light My Fire
  • 1979: Colours
  • 1982: Bad Boys

Наводи

уреди
  1. Stjernkvist, Gustav (11 September 2021). „Medlem från populära 70-talsbandet död“. Gp.se. Посетено на 15 September 2021.
  2. 'Yes Sir, I Can Boogie' singer María Mendiola has died“. NME. 12 September 2021. Посетено на 3 March 2022.

Надворешни врски

уреди