4Q108 (или 4QCantc) е фрагмент што содржи дел од песна над песните на хебрејски јазик. Фрагменти од три свитоци биле најдени во пештерата 4 кај Кумран. Овој свиток како и свитокот 6Q6 од пештерата 6, кои потекнуваат од 2 век п.н.е., се досега пронајдени свитоци кои содржат текстови од „Песна над песните“, и се дел од Свитоци од Мртвото Море.

Идентификување

уреди

Се знае дека 4Q108 не е дел од другите два ракописи што содржат делови од „Песна над песните“, а се најдени во пештерата. Последните два збора од „Песна над песните“ 3:7, g'bore Israel („воини на Израел“) се додадени кон свитокот 4Q106; а ракописот од 4Q107 е поинаков од ракописот на 4Q108. Стилот на пишување на буквите алеф и шин се разликува во овие ракописи.

Содржина

уреди

Ракописот 4Q108 е мал фрагмент[1] и содржи само десет букви во два реда — пет букви од стихот седум и пет букви од стихот осум од третото поглавје. Петте букви од седмиот стих се: למה lmh, последните три букви од Соломон; и שש šš (shesh), шест од зборот шеесет. Петте букви од осмиот стих се еден збор אחוזי aḥuzi, со додавка за пасив на глаголот. Според ова во ракописот 4Q108 пишува:

  • [7Чувај го местото на Со]ломон ше[есет воини што го опколуваат, од воините на]
  • [израел, 8се сите] опремени [со мечеви ...]

Наводи

уреди
  1. Discoveries in the Judaean Desert Volume XVI: Psalms to Chronicles: Qumran Cave 4.XI, Архивирано на 29 септември 2007 г. (Oxford: Clarendon Press, 2001): 219. ISBN 978-0-19-826943-4

Надворешни врски

уреди