4Q106 (или 4QCanta) е една долга и три помали фрагменти од три колони на свиток што содржи делови од Песна над песните на хебрејски јазик. Ова е една од трите свитоци најдени во пештерата 4 кај Кумран што е реконструирана како копија на „Песна над песните“. Овој свиток и свитокот 6Q6 од пештерата 6, се единствените засега познати свитоци со содржина од „Песна над песните“.

Опис

уреди

Пергаментот на 4Q106 е потемен.[1] Текстот е со маргини, горе со ширина од 1,3 cm, долната маргина е 1,5 cm, а маргината меѓу колоните изнесува 1,1 cm. Ада Јардени во приватна комуникација со Емануел Тов, текстот го датира од времето на Иродската династија.[2]

Соджина

уреди

Долгиот дел и еден од помалите фрагменти имаат во најголем дел зачуван текст — од колона II. Другите два фрагменти се од колона I и III. Од колона I може да се прочита:[2]

  • [3:4... Го фатив и не] му дозволив да замине додека [го однесов во куќата на мајка ми, во]
  • [собата на жената што ме родила. 5Ве преколнувам] ќерки на [Ерусалим ...]

Наводи

уреди
  1. Discoveries in the Judaean Desert XVIII, p. 199.
  2. 2,0 2,1 DJD 18: 199.

Литература

уреди
  • Yardeni, Ada. The Book of Hebrew Script. The British Library: London, 2002. ISBN 1-58456-087-8.

Надворешни врски

уреди