Извршен совет на Собранието на Македонија од 1982
(Пренасочено од 16. влада на Македонија)
Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1982 е формиран на 28 април 1982 година. Ја врши својата функција до 28 април 1986 година, кога е избран нов состав на Извршниот совет.
Состав на Извршниот совет
уредиСоставот на Извршниот совет е следниот:[1]
- претседател Драгољуб Ставрев
- членови:
- Никола Кастратовиќ, републички секретар за народна одбрана
- Љубомир Варошлија, републички секретар за внатрешни работи
- Никола Бакулевски, републички секретар за правосудство
- Александар Стојановски, републички секретар за финансии
- Љубомир Коруновски, претседател на Републичкиот комитет за енергетика, индустрија и градежништво
- Дургут Едиповски, претседател на Републичкиот комитет за општостопански работи и пазар
- Христо Христоманов, претседател на Републичкиот комитет за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Сретен Акимовски, претседател на Републичкиот комитет за економски односи со странство
- Ристо Петровски, претседател на Републичкиот комитет за сообраќај и врски
- Ристо Галиќ, претседател на Републичкиот комитет за урбанизам и заштита на човековата околина
- Андон Мојсов, претседател на Републичкиот комитет за труд
- Каменчо Ѓоргов, претседател на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика
- Анатолиј Дамјановски, претседател на Републичкиот комитет за образование и наука
- Милчо Балевски, претседател на Републичкиот комитет за култура
- Томислав Симовски, претседател на Републичкиот комитет за меѓународни односи
- Тихомир Илиевски, претседател на Републичкиот комитет за информации
- Вера Терзиева-Тројачанец, претседател на Републичкиот комитет за законодавство и организација
- Најденко Поповски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
- Стојан Андов
- Александар Андоновски
- Елена Ѓурковиќ
- Тахир Кадриу
- Икмет Кривца
- Киро Поповски
- Кочо Тулевски.
Реконструкција на Извршниот совет
уредиНа 28 септември 1983 година доаѓа до промена на двајца членови на Извршниот совет:[2]
- За претседател на Републичкиот комитет за сообраќај и врски е именуван Томе Малевски на местото на Ристо Петровски
- За претседател на Републичкиот комитет за енергетика, индустрија и градежништво е именуван Александар Маневски на местото на Љубомир Коруновски.